Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите.
Од локалната самоуправа велат дека целта е да се спречи вандализмот, да се заштити општинскиот имот и да се зголеми безбедноста на јавните површини.
Системот ќе им помогне и на надлежните институции при откривање сторители на казниви дела.
Од Општината нагласуваат дека проектот ќе се реализира согласно законските процедури и со целосно почитување на заштитата на личните податоци.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












