СДСМ во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за јавноста, особено за стручната јавност преку новиот систем на функционирање на комисиите, за што вчера беше и основан Советот за креирање и имплементација на политики, порача во интервју за Телевизија 24 Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ.
Богоев најави и силно теренско присуство на сите функционери и активисти на партијата.
СДСМ ќе биде силно присутна на терен, онаму каде му е местото, во сите градови, во сите села и општини. Покрај присуството на терен на носители на јавни функции, ќе следува и организирано партиско присуство на членството.
Новото раководство наскоро ќе направи план на активности кои ќе бидат корисни за сите граѓани” истакна Богоев, додавајќи дека СДСМ е обединета и мотивирана да работи посветено за граѓаните.
Потпретседателот на СДСМ, Богоев, најави дека новата влада предводена од СДСМ ќе се официјализира кон средината на идниот месец.
„Некаде кон средината на јануари ќе го имаме целосниот состав на Владата и јавноста ќе се увери дека Владата ќе биде составена од луѓе кои ќе можат сериозно да одговорат на позициите на кои ќе бидат поставени.” изјави Богоев, додавајќи дека Владата пред се ќе се фокусира на економските политики.
Не е точно дека немало високи тонови и тензична атмосфера, имаше демократска дискусија и горди сме што не прави различни од ВМРО-ДПМНЕ ние сме научени на дебата и сигурни сме дека тоа е најдобра варијанта која ќе донесе успех, а среќен сум што имаме демократска нишка, рече тој.
– Ние не сме како опозицијата каде има конгреси како во Северна Кореја, јас станав и социјалдемократ токму поради тие вредности, дискусијата и договорот, додаде Богоев.
Извор: МИА