• Импресум
Friday, July 10, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

Александар Зверев е првиот финалист на Вимблдон, откако во полуфиналето без поголеми проблеми го совлада британскиот тенисер Артур Фери со 7:6, 6:2, 6:4. Германецот, кој е трет носител на турнирот и актуелен шампион на Ролан Гарос, за првпат во кариерата ќе се бори за трофејот на најпрестижниот тениски турнир.

Фери, кој настапи со специјална покана од организаторите, приреди едно од најголемите изненадувања на овогодинешниот Вимблдон со пласманот меѓу четворицата најдобри. Сепак, неговата бајка заврши во полуфиналето, каде што не успеа да му парира на расположениот Зверев.

Првиот сет донесе најголема неизвесност и беше решен во тај-брејк, по што германскиот тенисер целосно ја презеде контролата. Вториот сет го доби убедливо со 6:2, не оставајќи му многу простор на противникот, кој тешко доаѓаше до поени со своите напади.

Во третиот сет Зверев направи клучен брејк за водство од 3:2, а потоа сигурно ја зачува предноста до самиот крај. Со конечните 6:4 ја завери победата од 3:0 во сетови и обезбеди историски пласман во своето прво финале на Вимблдон.

Со овој успех, Зверев стана 13-тиот тенисер во историјата што успеал да стигне до финале на сите четири Гренд слем турнири. Во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Вести

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Неплодноста го погодува секое шесто лице на планетата
Вести

СЗО алармира: Епидемијата на ебола во ДР Конго сè уште се шири

10/07/2026
Следна вест

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

Најнови вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.