Шумски пожар попладнево избувна во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Според информациите, постои сериозна опасност огнената стихија да се прошири кон црквата „Св. Петар и Павле“, поради што во акцијата за гаснење ќе бидат ангажирани и два авиона „ертрактор“ на ДЗС.
Во борбата со пожарот учествуваат пожарникари од Струмица, доброволци од Доброволното противпожарно друштво „Рис“, како и жители од околните населени места, кои се обидуваат да го спречат ширењето на огнот и да го заштитат верскиот објект.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека во моментов во државата се активни два пожари – кај селото Бајково и кај селото Гарани во Општина Кичево.
Во меѓувреме, пожарот кај селото Мокриево во Општина Ново Село е ставен под контрола.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












