• Импресум
Wednesday, July 15, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Судот одреди привремено одземање на имотот на Александар Лазаров

15/07/2026
A A
Две лица повредени, со автомобилот излетале од пат и завршиле во река

Шест патнички возила и стан му се привремено одземени на Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека имотот е стекнат со криминална активност, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираат дека Одделението за внатрешни работи Кочани, во координација со Основното јавно обвинителство Кочани, обезбедило докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот располага со значителен движен и недвижен имот што не кореспондира со неговите законски приходи.

По налог на Основниот суд Кочани, донесени се привремени мерки за обезбедување на имотот, при што се одземени шест автомобили – „џип“, „порше“, „фолксваген“, „ауди“, „бмв“ и „пасат“, како и еден стан.

Од МВР додаваат дека истрагата продолжува со цел да се утврди законитоста на стекнатиот имот.

Претходно, Основното јавно обвинителство Кочани соопшти дека против Лазаров, кој неодамна беше приведен откако избега од Полициската станица во Кочани, се води истрага за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Истрагата опфаќа уште едно лице, а двајцата се осомничени како соизвршители.

Според Обвинителството, истрагата е поведена откако при претрес на автомобил биле пронајдени осум грама кокаин.

Обвинителството наведува дека постои сомнение оти станот и шесте автомобили, иако дел од нив биле регистрирани на други лица, фактички биле во владение и користење на осомничениот, а нивната вредност не одговара на неговите законски приходи, што упатува на сомнение дека се стекнати со криминална активност или служеле за прикривање незаконски стекната имотна корист.

Лазаров вчера беше приведен од полициски службеници од СВР Скопје – Одделение за потраги, по што по предлог на јавен обвинител му беше определена мерка притвор и веднаш беше спроведен на нејзино издржување.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?
Вести

УЕФА подготвува противкандидат против Инфантино?

15/07/2026
Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство
Вести

Трагедија на Халкидики: Почина и таткото, три жртви од исто семејство

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад го прекри Охрид, пожар гори кај „Бараки“

15/07/2026
Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната
Вести

Драма на Треска, спасени три момчиња по зголемен испуст од браната

15/07/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Густ чад над „Гази Баба“, пожарникарите на терен

15/07/2026
Сообраќајот низ Ормускиот теснец намален за 90 проценти
Вести

Американската војска повторно гаѓа цели во Иран

15/07/2026
Следна вест
Сообраќајот низ Ормускиот теснец намален за 90 проценти

Американската војска повторно гаѓа цели во Иран

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.