Американската војска започна нов бран воздушни напади врз цели во Иран, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM), наведувајќи дека операцијата има за цел дополнително да ги ослаби воените капацитети што, според Вашингтон, биле користени за напади врз комерцијални бродови во Ормутскиот Теснец.
„Во 6:00 часот наутро по источно време, силите на Централната команда на САД започнаа нов бран напади врз Иран“, објави CENTCOM на платформата X.
Според американската команда, цел на операцијата се воени објекти поврзани со нападите врз меѓународниот поморски сообраќај.
Во меѓувреме, ирански функционер изјавил дека американските сили погодиле десетици цели низ земјата и повторно воспоставиле поморска блокада на иранските пристаништа.
Со најновите напади, конфликтот меѓу САД и Иран влезе во својот петти ден, додека тензиите во регионот продолжуваат да растат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










