Трагичниот биланс од тешката сообраќајна несреќа на Халкидики се искачи на три жртви, откако во болница им подлегна на повредите и таткото од Молдавија.
Несреќата се случила во средата попладне на регионалниот пат Полигирос – Агиос Николаос, кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало четиричлено семејство, се судрил со камион-цистерна.
На местото на несреќата животот го загубиле мајката и нивното бебе, додека таткото и другото малолетно дете биле извлечени од уништениот автомобил со тешки повреди.
Пожарникарите ги ослободиле патниците со специјална опрема, а екипи на итната медицинска помош со неколку возила веднаш ги пренеле во болница.
И покрај напорите на лекарите, таткото починал во Ургентниот центар, додека малолетното дете останува хоспитализирано. Возачот на камионот не се здобил со потешки повреди и е во стабилна состојба.
Причините за несреќата и ната
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











