Македонскиот вицешампион Шкендија со сигурна победа ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Тетовскиот состав на теренот на ФФМ во Скопје без поголеми проблеми го совлада новајлијата Скопје со убедливи 3:0 и ги освои првите три бода.
Шкендија уште од самиот почеток ја презеде иницијативата и јасно покажа дека е поквалитетен противник. Притисокот беше крунисан во 17. минута, кога Ндзенгуе ја затресе мрежата за водство од 1:0.
Со минимална предност тетовци заминаа на полувремето, а и во продолжението целосно ја контролираа играта. Скопје не успеа да создаде посериозна закана пред противничкиот гол, додека Шкендија продолжи да доминира.
Во 65. минута Тамба со доза на среќа го зголеми водството на 2:0, а конечните 3:0 ги постави Рафа Силва десет минути подоцна, со што ја потврди убедливата победа на својот тим.
По успешниот старт во домашното првенство, Шкендија од утре целосно ќе се насочи кон реваншот против Браво во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












