Пронајдена поголема количина кокаин при полициски претрес во село Брест, скопско. Едно лице е лишено од слобода, информира Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти МВР, денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, во координација со припадници на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, извршиле претрес во дом и други простории што ги користел С.Б. (23) од село Брест.
При претресот била пронајдена поголема количина кокаин, по што лицето било лишено од слобода и задржано во Полициската станица Гази Баба.
Од МВР информираат дека случајот се расчистува, а по целосното документирање на настанот против С.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава според член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












