Околу 2.000 туристи беа евакуирани од грчкиот остров Крит поради голем шумски пожар што беснее во јужниот дел на островот. Грчките власти продолжуваат со превентивни евакуации на туристички населби и загрозени подрачја во обид да ги заштитат жителите и посетителите.
Туристите се префрлени на побезбедни локации, а 29 лица, кои во моментот се наоѓале на плажи, биле евакуирани по морски пат.
Во Ираклион, спортската сала во Мирес е отворена како привремено прифатилиште за евакуираните, каде што се обезбедени душеци за спиење и комплети за прва помош.
Пожарот брзо се проширил кон областа Ретимно, а пожарникарите цела ноќ се бореле со огнената стихија, дополнително отежната од силниот ветер.
Според грчките власти, пожарната линија е долга околу 20 километри, а активни жаришта има и на островот Парос, како и во други делови од земјата.
Во борбата со пожарите животот го загубиле тројца пожарникари – двајца на Крит и еден на Пелопонез, додека двајца волонтери се здобиле со полесни повреди.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












