• Импресум
Monday, August 3, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Двајца загинаа при судир на противпожарни хеликоптери во Грција

03/08/2026
A A
Двајца загинаа при судир на противпожарни хеликоптери во Грција

Трагедија ја потресе Грција за време на гаснењето на големите шумски пожари, откако два противпожарни хеликоптери се судрија во регионот Атика. Во несреќата загинаа двајца членови на екипажот, додека уште две лица успеаја да преживеат.

Според грчката противпожарна служба, судирот се случил во областа Псата, каде хеликоптерите учествувале во операцијата за локализирање на пожарот што уништи повеќе од 100 куќи северозападно од Атина. Загинатите се грчки и дански државјанин, додека преживеаните – грчки и британски државјанин – се извлечени живи. Во тек е истрага за причините за несреќата.

Пожарот избувнал во регионот Беотија, а потоа се проширил кон Атика. Според првичните информации, можно е огнот да бил предизвикан од искри од електрични проводници на приватна мрежа што ја пренесува електричната енергија произведена од ветерни турбини до главната електроенергетска мрежа.

Во рамки на истрагата, приведени се двајца грчки државјани под сомнение за небрежност, додека по уште едно лице се трага.

Иако силните ветрови почнале да стивнуваат, пожарот продолжил да се шири, преминувајќи планински предел и стигнувајќи до населбата Вениза и воен стрелишен полигон, каде што се активирале неексплодирани убојни средства.

Пожарникарите ги насочија силите кон спречување на огнената стихија да се прошири кон крајбрежниот град Мегара, кој има околу 30.000 жители.

„Постојат моменти кога силата на природата и интензитетот на временските услови ги надминуваат сите човечки планови и секоја оперативна способност“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Поради сериозноста на ситуацијата, грчките власти издадоа итни наредби за евакуација на повеќе населени места во западна Атика, вклучувајќи и индустриска зона во близина на Мегара.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Намален бројот на прегледи во Гостивар, здравствените власти ја следат состојбата
Вести

Вонреден надзор во три болници по случајот со парализираната родилка

03/08/2026
Посетители нападнати во Куклица, полицијата приведе жена од Кратово
Вести

Посетители нападнати во Куклица, полицијата приведе жена од Кратово

03/08/2026
Левица: Наместо отчет пред лозарите – Мицкоски во увид на најскапиот тендер во Кавадарци
Вести

Левица: Ветувањата за американските визи останаа без реализација

03/08/2026
Хрватска гради нова делница со 11 мостови и осум тунели
Вести

Хрватска гради нова делница со 11 мостови и осум тунели

03/08/2026
Ливерпул испушти предност од 2:0, Лидс славеше во Чикаго
Вести

Ливерпул испушти предност од 2:0, Лидс славеше во Чикаго

03/08/2026
Виктор Златевски потпиша за Пелистер
Вести

Виктор Златевски потпиша за Пелистер

03/08/2026
Следна вест
Виктор Златевски потпиша за Пелистер

Виктор Златевски потпиша за Пелистер

Најнови вести

Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.