Пластичната фолија е еден од најчесто користените производи во кујната, но експертите за безбедност на храната предупредуваат дека не е најдобар избор за складирање на сите видови намирници.
Начинот на кој ја чуваме храната може да влијае врз нејзината свежина, квалитет и безбедност, а особено внимание треба да се посвети на намирниците со висока содржина на масти.
Како ризични за директно завиткување во пластична фолија се посочуваат сланината, сирењата, прженото месо, печивата, колачите со путер-крем и други масни производи. Причината е што мастите можат да го олеснат преминувањето на одредени соединенија од пластиката во храната, особено доколку таа се чува подолго време или е изложена на топлина.
Стручњаците советуваат пластичната фолија никогаш да не се користи во рерна, ниту да доаѓа во директен контакт со топла храна или жешки садови. При користење во микробранова печка треба да се употребува само фолија која е наменета за таква употреба, а таа не треба да ја допира храната.
Како посигурна алтернатива, се препорачува складирање на храната во стаклени, керамички или садови од нерѓосувачки челик. Овие материјали се поиздржливи, лесни за одржување и не реагираат со храната, што ги прави подобар избор за подолго чување.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












