• Импресум
Tuesday, August 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за суровиот напад во Гостивар

03/08/2026
Време за читање: 1 минути
A A
Двајца малолетници и скопјанец осомничени за суровиот напад во Гостивар

Полицијата ги идентификуваше тројцата осомничени кои учествувале во бруталниот напад во Гостивар, снимен на видео што предизвика бурни реакции во јавноста. На снимката се гледа како едно момче паѓа на земја по удар со клоца во главата, а потоа напаѓачите продолжуваат да го удираат со дрвена прачка, која при нападот се крши.

Според Министерството за внатрешни работи, осомничени се двајца малолетници од Гостивар и 20-годишник од Скопје.

По наредба на јавен обвинител, двајцата малолетници биле повикани на службен разговор во полициска станица, при што им биле одземени патните исправи. За третиот осомничен, В.Д. (20) од Скопје, испратена е телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, тројцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка по брза постапка.

Нападот бил пријавен во саботата, а се случил ноќта меѓу петокот и саботата, околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар. Настанот го пријавил 22-годишен жител на Гостивар, кој изјавил дека заедно со свој пријател бил нападнат од три лица кои користеле тврди и дрвени предмети.

Од МВР додаваат дека случајот веднаш бил пријавен кај дежурен јавен обвинител, а по преземените мерки и активности, во координација со обвинителството, биле идентификувани сите учесници во насилниот инцидент.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Данската принцеза се приклучи на армијата, ќе служи 11 месеци
Вести

Данската принцеза се приклучи на армијата, ќе служи 11 месеци

03/08/2026
Двојно засилување за Фулам: Гарсија и Паласиос пристигнаа од Реал Мадрид

Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов
Вести

Ангелов: Невозможно е пожарот во кавадаречко да се стави под контрола вечерва

03/08/2026
Експертите предупредуваат: Не секоја храна треба да се завиткува во пластична фолија

Ќе почекаме
Вести

Урсула фон дер Лајен ја пофали Шпанија за реакцијата во Сеута

03/08/2026
Гостиварската болница обезбеди дополнително снабдување со вода за хигиенски потреби
Вести

ДЗС: Три цистерни со вода денеска се ставени на располагање на граѓаните во Гостивар

03/08/2026
Следна вест
Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов

Ангелов: Невозможно е пожарот во кавадаречко да се стави под контрола вечерва

Најнови вести

Данската принцеза се приклучи на армијата, ќе служи 11 месеци

Данската принцеза се приклучи на армијата, ќе служи 11 месеци

03/08/2026
Двојно засилување за Фулам: Гарсија и Паласиос пристигнаа од Реал Мадрид

Двојно засилување за Фулам: Гарсија и Паласиос пристигнаа од Реал Мадрид

03/08/2026
Вкупно 352 кандидати ја завршија дводневна теоретска и практична обука, вели Ангелов

Ангелов: Невозможно е пожарот во кавадаречко да се стави под контрола вечерва

03/08/2026
Двајца малолетници и скопјанец осомничени за суровиот напад во Гостивар

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за суровиот напад во Гостивар

03/08/2026
Експертите предупредуваат: Не секоја храна треба да се завиткува во пластична фолија

Експертите предупредуваат: Не секоја храна треба да се завиткува во пластична фолија

03/08/2026
Ќе почекаме

Урсула фон дер Лајен ја пофали Шпанија за реакцијата во Сеута

03/08/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.