Данската принцеза Изабела (19) денеска ја започна својата воена служба, станувајќи една од првите жени кои се приклучија на новиот систем на продолжена задолжителна обука во данската армија.
Најстарата ќерка на кралот Фредерик и кралицата Мери пристигна во касарната Антворсков во Слагелсе, на островот Зеланд, каде во следните 11 месеци ќе биде дел од Гардскиот хусарски полк.
Данска минатата година воведе задолжителна воена служба и за жените, а околу 1.600 млади лица, меѓу кои и принцезата Изабела, оваа година ја започнаа воената обука.
Продолжувањето на воената служба од четири на 11 месеци доаѓа во период на зголемена загриженост за безбедносната состојба во Европа. Данските власти одлучија да го прошират системот на регрутација и да овозможат жените над 18 години да бидат опфатени со задолжителната служба.
Изабела не е првиот член на данското кралско семејство со воено искуство. Нејзиниот брат, престолонаследникот Кристијан, исто така служеше во касарната во Слагелсе, а подоцна започна офицерска обука за поручник.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












