Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против 30-годишен жител на Куманово поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле речиси 400 таблети со наркотична супстанца, како и други предмети кои можат да бидат поврзани со кривичното дело.
По пронајдените материјали и обезбедените докази, лицето било лишено од слобода, а по целосното документирање на случајот, СВР Куманово поднело кривична пријава до надлежното јавно обвинителство.
Од МВР посочуваат дека продолжуваат со засилени активности за откривање и спречување на нелегалната трговија со наркотични средства. Во повеќе акции во изминатиот период биле откриени дрога, оружје и други предмети поврзани со криминални активности.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата, при што ќе се утврдуваат сите околности околу случајот, вклучително и дали осомничениот бил поврзан со поширока мрежа за недозволена трговија со дрога.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












