Машката ракометна репрезентација на Македонија до 18 години продолжува со одличните настапи на Европското првенство во Србија, откако обезбеди пласман во Топ 16 фазата на шампионатот.
Нашите кадети го освоија второто место во групата од разигрувањето и како најдобра второпласирана селекција изборија место меѓу најдобрите 16 репрезентации во Европа. Со тоа Македонија ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9-то до 16-то место.
Овој резултат носи и дополнителен успех за македонскиот младински ракомет. Репрезентацијата не само што го обезбеди опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, туку и избори пласман на следното Европско првенство за младинци до 18 години во 2028 година.
Кадетите сега имаат можност да направат уште еден голем чекор. Доколку на следните три натпревари успеат да забележат најмалку една победа, Македонија ќе обезбеди и настап на Светското првенство за кадети во 2027 година.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












