• Импресум
Saturday, July 11, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Најкрупните грешки ги направи народот што дозволи некадарници да ни ја решаваат судбината

03/01/2022
Време за читање: 2 минути
A A
Најкрупните грешки ги направи народот што дозволи некадарници да ни ја решаваат судбината

Граѓаните плаќаат даноци, властите си тераат по свое, сите агенди на сите власти досега се идентични – како даноците на граѓаните да ги искористат да добијат глас повеќе, потенцира професорот Гулабоски во интервју за „Македонско Ехо“

 За универзитетскиот професор, Рубин Гулабоски, кој е еден од шесте највлијателни македонски научници во светот, до сега во Македонија се направени повеќе грешки…

Кога ќе кажете Македонија, кои мисли и слики прво Ви се појавуваат?

–Тешко е да се одговори во две реченици на ова прашање. Ако ја гледам позитивната страна, сме имале многу радосни моменти во Македонија, главно на спортски план. И успехот на кошаркарите пред 10 години, и на ракометарите и на фудбалерите лани и годинава… Но, ако ги гледам песимистички работите, тогаш сите тие транзициски политичари и неважни личности, а добиле шанса да ни ја креираат судбината на сите нас, сите тие ликови некако во подсвест ни излегуваат пред очи во секој момент. А би сакал да кажам дека мојата слика за Македонија се среќни луѓе, сплотеност на сите, но тешко ми иде тоа….

Кои се најкрупните 2-3 грешки кои се направија во Македонија во последните 30 години?

-Крупни грешки има многу, најкрупните грешки ги направи народот, што дозволи некадарни ликови и политичари да ни ја решаваат судбината, една шака неизживеани кариеристи, грешката е што ние – народот, не препознавме вистински вредности да не водат. Најголема грешка од моја гледна перспектива е што ние секогаш грешиме, дури и кога се надевавме дека бевме во право. Сменувањето на името, договорите со кои се изгубивме, а ништо не добивме сега гледаме дека се можеби најголемите грешки. Соживотот и меѓусебната почит на различностите во Македонија треба да се најголемата придобивка.

Граѓаните даваат и плаќаат даноци, но дали властите доволно и даваат на државата?

–Граѓаните плаќаат даноци, властите си тераат по свое, сите агенди на сите власти досега се идентични – како даноците на граѓаните да ги искористат да добијат глас повеќе. Државата е народот, а народот секогаш губи во оваа држава, без разлика кој е на власт. Додека не се воспостави систем на реални вредности, додека има поларизиран бипартизам во оваа држава веќе 30 години, секогаш ние ќе бидеме губитниците, а моментални победници-тие. Но, сепак се врти.

Дали Вие доволно и дадовте на Македонија?

–Не, сум можел да дадам многу повеќе од тоа што сум го дал до сега, но со нашата политика во науката ние дадовме малку, а земавме ништо. Но, тоа што го дадовме е нешто со кое во иднина ќе се гордееме – им дадовме шанси за позиции, работи и усовршување во елитни болници истражувачки центри и универзитети на најдобрите студенти што ги познававме. Некој ќе каже – па вие сте ги иселиле младите од Македонија. Да, им овозможивме да ја запознаат и другата страна во Европа и Америка, затоа што за тие најдобри деца, овде за жал никогаш не постојат реални можности. И се гордееме со тоа.

Со што најмногу се гордеете во нашата земја?

– Се гордеам со луѓето, со младите, со соживотот, со меѓусебното разбирање меѓу нас, со патриотизмот што го носиме сите ние во нас, без разлика каде сме, кои сме и со кого сме. Се гордеам што секогаш сме спремни да си помогнеме еден со друг, што ги почитуваме различностите кај нас.

Во каква Македонија сакате да живеете?

– Сакам да живеам во Македонија што ги почитува и сака својот народ, Македонија во која ќе се разговара за спорт, наука, уметност, успеси, култура…и сонот тука завршува за сите нас. Ние сме предодредени да дојдеме до целта по најтешкиот пат, така било, така и ќе биде и тука изгледа сите ние сме во немилост на грст политичари и олигарси што ги контролираат нашите судбини веќе 30 години.

ОВДЕ ТРЕБА „ЕСТОНСКО СЦЕНАРИО“ ЗА МРАЧНИТЕ ЛИКОВИ

Што Ви недостасува а, што би одзеле од државата?

– Ми недостасува да видам повеќе среќни луѓе во Македонија, повеќе надеж и перспектива. А би одзел во Македонија само едно – би го одзел правото на сите мрачни ликови – сите некадарни и корумпирани политичари, банкари, судии, извршители, до обвинители… да влијаат на нашите судбини преку нивните активности. Сите нив преку „естонско сценарио“ од веднаш би ги пратил во пензија без разлика на стажот и годините, да ја имам можноста таква одлука да донесам.

ИЗВОР: www.skopskoeho.mk

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон
Вести

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии
Вести

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена
Вести

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври
Вести

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово
Вести

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
Следна вест
Родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Родени близнаци кои ќе слават различни родендени

Најнови вести

Ѓоковиќ без одговор за моќниот Синер на Вимблдон

10/07/2026
Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

Зверев со убедлива победа обезбеди место во големото финале на Вимблдон

10/07/2026
Унгарската влада планира големи заштеди преку кратење на политичките привилегии

Петер Маѓар: Конечно се ослободуваат милијардите од европските фондови

10/07/2026
Постои сомнеж за убиство, пронајден е починат 42-годишен маж во Кавадарци што семејството го барало неколку дена

Нова акција на Обвинителството: Приведени лекари во случајот со ботоксите

10/07/2026
Студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман“ ќе бидат целосно реновирани до октомври

Внесовте алкохол во студентски дом? Следува иселување и забрана од 5 години

10/07/2026
По 4.000 за секое прваче во Општина Лозово

Ѓорче Петров првпат ќе им додели по 5.000 денари на полуматурантите

10/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.