• Импресум
Saturday, May 30, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Синот е слеп, мајката го родила на 17 години: Го носи на грб низ светот бидејќи му ветила незаборавни авантури

08/01/2022
Време за читање: 2 минути
A A
Синот е слеп, мајката го родила на 17 години: Го носи на грб низ светот бидејќи му ветила незаборавни авантури

Срцето ми се скрши кога дознав дека е трајно слеп и ми требаше долго време да го прифатам тоа. Имав 17 години и имав голема одговорност пред мене, се присети оваа храбра жена

Ники Антрам (43), самохрана мајка од Австралија, поминала години и години патувајќи низ светот со синот Џими (26) носејќи го на грб. Таа ја планирала нивната следна авантура во Канада но пандемијата ги спречила. Но, верува дека и тоа брзо ќе помине. Тие во моментов се на турнеја низ Австралија додека не можат повторно да патуваат нормално низ светот.

Џими е роден со физички и ментален хендикеп. Тој е слеп и му треба 24-часовна нега. Го родила на 17 години, а потоа си ветила дека ќе му го даде најубавиот можен живот. Таа носејќи го него на грб, патуваат заедно низ светот. Тоа му овозможило да испроба многу авантури како пливање со делфини, јавање, санкање, летање со балон…

Таа знае дека не станува помлада и дека носењето на синот на грб ќе биде се потешко за неа. Џими има инвалидска количка која понекогаш ја користи, а често и таа му помага сам да направи неколку чекори.

– Кога го планирам нашето големо патување, секогаш внимавам да имам доволно пелени, облека, па дури и перници, чаршафи итн. Планирам сè однапред и го најавувам нашето пристигнување каде и да одиме, од ресторани, хотели до разни авантури – изјави оваа храбра жена.

– Дури и да знам дека се ќе биде во ред, сакам да ги информирам за нас за да бидам сигурна дека сè разбираат и дека се ќе оди добро – додаде таа.

Храбрата мајка вели дека не може да одат на било какво сместување поради состојбата на Џими и логистичките тешкотии.

„Исклучок беа Хаваи, каде сите сакаа Џими да им се придружи“, рече таа.

Патем, за време на патувањето често наидува на проблеми како да го носи синот на грб додека влече тешки куфери. Но, сите проблеми, вели, ги заборава кога конечно ќе стигне до целта.

– Среќна сум бидејќи Џими има слични интереси како мене. И двајцата уживаме во природа, вода, авантури. Од Бали до Хаваи би стоеле надвор цела ноќ бидејќи и тој сака да се забавува. Наоѓам начини да му обезбедам најдобар и најавантуристички живот. Најчесто најмногу ужива во наједноставните работи – изјави таа.

Кога се дома, стануваат со првите сончеви зраци и одат на возење велосипед, таа вози, а тој ужива во приколката. Собираат школки на плажа, си играат со песок… Ники станува многу рано, подготвува појадок и се грижи синот да биде чист и променет. Покрај возењето велосипед, вежбаат секој ден. Тој се обидува да изведе одредена вежба додека не се смири додека не се испоти добро. Таа го носи со себе насекаде. Соседите се восхитуваат на силата на оваа жена и честопати им мавтаат на минување.

Храбрата мајка се присети на месеците по неговото раѓање

– Имаше два месеци и веќе беше слеп. Неговата баба забележа дека тој не посегнува по играчките и не гледа директно во шарените работи што висат над него. Тогаш почнавме со тестирања – вели Ники.

Шест месеци подоцна дознала дека Џими има епилепсија. Оттогаш до денес, нејзината борба е да му обезбеди што е можно поубав живот. Таа признава дека не била секогаш толку мирна и среќна.

– Срцето ми се скрши кога дознав дека е трајно слеп и ми требаше долго време да го прифатам тоа и да ги надминам тие чувства на болка и повреда. Имав 17 години и пред мене беше голема одговорност – изјави таа.

– Секој ден се трудам да го научам на нови зборови и движења. Тоа е процес кој мора да се повторува многу пати. Знае дека треба да ги мие забите, но мрази кога ги четка. Најсреќен е кога ќе заврши и кога конечно може да спие.

– Тој е моја инспирација. Секогаш е среќен, насмеан… Понекогаш се прашувам како можам да бидам тажна кога го гледам толку насмеан иако никогаш не видел бои, облаци, виножита… Тој само седи и се смее. Тој не ме гледа на конвенционален начин, но сигурна сум дека има визија во својот ум за тоа како изгледам – ​​заклучи таа, а пренесува Дејли Мејл.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол
Вести

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите
Вести

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените
Вести

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители
Вести

Паника во Романија: Дрон удри во зграда, евакуирани 70 жители

29/05/2026
Годинашната средна оценка на матура 3,25
Вести

Почнува полагањето на државната матура, стручната и уметничката матура

29/05/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 9 јануари

Најнови вести

Крвава групна пресметка меѓу соседи во Скопје, 25-годишно момче е рането со пиштол

Судир меѓу БМВ и мопед во Илинден, 20-годишник заврши на Клинички

29/05/2026
Истекува рокот на повикот за субвенции за нови авиолинии, утре отворање на понудите

Скопје ќе се прска против комарци, апел до пчеларите да ги заштитат пчелите

29/05/2026
Седлоски: Фокус на играта и докажување против Босна

Познат составот: Јанкулов доби шанса од старт против Босна

29/05/2026
Истражување: Изборот на храна може да зависи од гените

Училишната средина во Македонија поттикнува лоши навики во исхраната

29/05/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

Уапсен 24-годишник од Куманово, во возило пронајдена бела прашкаста материја

29/05/2026
Второто полувреме кобно за Македонија против Данска

Столе Димитриевски: Влегувам во најдобрите денови од кариерата

29/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.