• Импресум
Tuesday, April 14, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Лебот поскапе од 4 до 6 денари, трговците цел ден не стасуваат да ги сменат цените

01/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Лебот поскапе од 4 до 6 денари, трговците цел ден не стасуваат да ги сменат цените

Синоќа на полноќ заврши владината мерка – замрзнати цени на определени прехранбени продукти. Денеска вработените во маркетите тргна да лепат нови – повисоки цени под некои производи.

На пример, цените на различни видови на леб од денеска се поскапи од 4 до 6 денари. Тоа значи дека, во просек, поскапувањето се движи околу 10 – 15 отсто.

Во трговските маркети продавачите ни зборуваа дека од денес изутрина добиле долги листи на цени на производи кои ќе треба да се коригираат во текот на денот. Можеше и да се види дека на рафтовите во некои продавници се уште нема вооопшто или има сосема мали количества на брашно и на масло за јадење. Се било испразнето претходните денови кога цените беа пониски.

-Влегов во маркетот за да видам до каде се стигнати новите цените. Не купував ништо, ни прокоментира еден скопјанец, додавајќи дека е загрижен до каде цените би можеле да одат.

При денешната обиколка на неколку маркети што ја направи екипата на „Скопско ехо“ на подрачјето на Кисела Вода, скоро секаде ни потврдија дека утрово добиле поскапени цени и дека некои веќе се истакнати, а некои ќе бидат истакнати во текот на денот – кога ќе постасаат. Во еден од најголемите маркети ни потврдија дека на почетокот на работниот ден добиле листа од околу 2.000 производи чии цени треба да се коригираат.

Во некои маркети имаше масло за јадење и брашно, а во некои не, и очекуваа да добијат. По која цена, ќе се види наскоро.

Граѓаните преку социјалните мрежи бараат поголема совесност и од трговците и од производителите:

-Навистина е криза, се гледа дека растат цените во цела Европа, но нашите трговци и производители не треба тоа да го злоупотребуваат и цените да ги дуваат премногу, е еден од коментарите.

За потсетување, денеска престанува да важи претходната одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи што беше донесена на 5 декември минатата година. Од денеска на сила е мерката за замрзнување на маржите на 5 отсто за трговците на големо и 10 отсто во трговијата на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант
Вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството
Вести

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин
Вести

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност
Вести

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп
Вести

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 2 март

Најнови вести

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

Нов удар врз Техеран – ликвидиран важен командант

02/04/2026
Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

Општина Битола: Секое дете е уникатно парче од сложувалката на општеството

02/04/2026
Проданоски: Старо Лагово ќе стане центар на спорт, забава и адреналин

Проданоски: Времето на неодговорност во Општина Прилеп завршува

02/04/2026
Алкалоид, Комерцијална банка и Макпетрол со најголема активност

Вкупен промет од 21,52 милиони денари, позитивна сесија со раст кај банкарските акции и Алкалоид

02/04/2026
Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

Одбележани 161 година од раѓањето на Ѓорче Петров со свечености во Прилеп

02/04/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Божиновска: Историска енергетска конекција – Македонија и Албанија ја заокружуваат енергетската мапа со 400 kV далекувод“

02/04/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.