• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ФАКТИ: Руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите

07/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
ФАКТИ: Руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите

Ескалацијата на руската инвазија врз Украина ги зголеми цените на суровините и енергенсите и ја загрози заедничката европска валута.

Неодамнешни драматични потези на пазарот:

ЕВРО 

Еврото падна под 1,10 долари во петокот за првпат по речиси две години, откако се намали за над 3 отсто во однос на доларот минатата недела – најголем неделен пад од март 2020 година. Валутата не Еврозоната имаше уште поголеми загуби во однос на швајцарскиот франк – за речиси 4 отсто во текот на неделата во најголемиот таков пад од јануари 2015 година, кога Швајцарија се откажа од тригодишното ограничување на франкот во однос на еврото.

Загриженоста дека руската инвазија на Украина ќе и зададе нов удар на економијата, особено поради зголемените цени на енергијата, објаснува зошто валутата е еден од најголемите неделни губитници.

ПЧЕНИЦА/МЕТАЛИ 

Цените на пченицата и продукти од неа до различни метали се искачија на највисоко ниво во изминатите неколку години бидејќи западните санкции ги прекинаа воздушните и поморските испораки на стоки произведени и извезени од Русија. Русија и Украина се два од најголемите светски извозници на пченица, кои достигнаа 14-годишен врв во петокот, добивајќи „плус“ речиси 40 отсто откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Русија е исто така снабдувач на метали. Алуминиумот достигна рекордно високо ниво во петокот, додека бакарот, каде земјата испорачува 3,5 отсто од светските резерви, исто така е на врв на сите времиња.

ЕНЕРГЕНСИ И ГАС 

Цените на суровата нафта „брент“ се зголемија за уште 21 отсто во текот на неделата, затворајќи се на највисоко ниво од 2013 година, при што купувачите и испраќачите се повеќе ги избегнуваат залихите на руска нафта, кои вкупно достигнуваат пет милиони барели дневно. Ниту можноста еден милион барели на ден иранска сурова нафта да дојде во употреба во случај на оживување на нуклеарниот договор со Западот, ниту договорот на развиените земји за координирано ослободување од 60 милиони барели не направија никакво влијание.

Цените на европскиот гас забележаа неверојатна неделна зголемување од 120 отсто, достигнувајќи 208 евра за мегават час – рекордно високо ниво.

ЕВРОПСКИ БАНКИ  

Европските банки имаа уште една исцрпувачка недела, погодена од тројниот удар на западните санкции кон Русија, намалувањето на очекувањата за зголемување на стапката и влошувањето на макроекономското опкружување. Потезите ги поништуваат сите придобивки направени на почетокот на оваа година кога се чинеше дека економското закрепнување ќе им овозможи на централните банки да ги зголемат каматните стапки, во корист на банките.

Индексот на европските банкарски акции падна за околу 16 отсто, што е најлошата недела од март 2020 година, со што загубите од годината до денес достигнаа 20 отсто. Акциите на заемодавците изложени на Русија, како што се австрискиот Рајфајзен и францускиот Сокген паднаа околу една третина во текот на неделата.

РУБЉА 

Вредноста на руската рубља падна за повеќе од 30 отсто во офшор трговијата – најлошата недела во историјата – и околу 20 отсто во трговијата во Москва. Разликата меѓу копнената и офшор трговијата илустрира колку Русија стана исклучена од глобалните финансиски пазари по строгите санкции и контрамерки.

МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германската полиција трага по 17-годишна девојка од Македонија, семејството објави детали
Вести

Германската полиција трага по 17-годишна девојка од Македонија, семејството објави детали

16/06/2026
Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа
Вести

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид
Вести

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех
Вести

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети
Вести

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа
Вести

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Следна вест
НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Големо поскапување на горивата – бензините од полноќ поскапи 5,5 денари, дизелот 10 денари

Најнови вести

Германската полиција трага по 17-годишна девојка од Македонија, семејството објави детали

Германската полиција трага по 17-годишна девојка од Македонија, семејството објави детали

16/06/2026
Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

Ждрепката не ги поштеди вардарци, Купс прв ривал во Европа

16/06/2026
Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

Средношколците од Скопје добиваат можност за нови знаења и незаборавни искуства во Охрид

16/06/2026
Мицкоски: Граѓаните во Маврово-Ростуше го одбраа трудот и резултатите, СДСМ доживува нов неуспех

Мицкоски: Нова фабрика во ТИРЗ Тетово ќе вработи до 500 луѓе

16/06/2026
Јаневска: Октомври е, а учебници по сите предмети сѐ уште нема, Шаќири и Велева авторите на учебниците ги делат на партиски подобни и неподобни

Јаневска: Државната матура помина со многу помалку препишување од претходно

16/06/2026
Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.