• Импресум
Thursday, June 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Големо поскапување на горивата – бензините од полноќ поскапи 5,5 денари, дизелот 10 денари

07/03/2022
Време за читање: 1 минути
A A
НОВИ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати и тоа : кај бензинот за 10,990 %, кај дизелот за 21,147% , кај екстра лесното масло за 18,278% и кај мазутот зголемување за 13,830%.

 

 

Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 %. Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 % во однос на Одлуката од 28.2.2022 година.

 

„Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информираше Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните.

 

 

 

Нафтени деривати има во доволни количини, проблем е високата цена, но не само кај нас, туку во цела Европа. Неопходно е сите да се однесуваат рационално во ваква вонредна и непредвидлива состојба, за која не се знае колку ќе трае и со каков епилог“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

 

 

Поради енормниот раст на берзанските цени на нафтените дериват и јакнењето на курсот на доларот во однос на денарот, а согласно одлуката, од вечерва на полноќ, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 10,00 денари/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 9,00 денари/литар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии
Вести

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран
Вести

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште
Вести

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја
Вести

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени
Вести

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули
Вести

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
Следна вест
Дневен хороскоп за петок, 24 декември 2021 година

Дневен хороскоп за 8 март

Најнови вести

МОН ги објави резултатите за стипендии за магистерски студии – доделени 34 од предвидените 50 стипендии

МОН и институциите со заедничка акција против семејното насилство

18/06/2026
Трамп наводно донел одлука: Се подготвува американска воена акција во Иран

САД и Иран најавија траен прекин на воените операции

18/06/2026
Без вода дел од корисниците во Сопиште

Прекин на водоснабдувањето на улицата „Димитрие Чуповски“

18/06/2026
Половина Скопје утре без струја

Варвара и Бардовци со неколкучасовен прекин на струјата

18/06/2026
Сончево со умерена облачност, температурата над 30 степени

Сончево претпладне, можно невреме попладне

18/06/2026
Нов силен земјотрес од 7 степени го погоди истокот на Русија, стотици афтершокови по историскиот потрес на 30 јули

Дрон удри автобус со деца во Брјанска област, Москва бара меѓународна осуда

17/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.