• Импресум
Wednesday, June 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Од бездомник до милионер: Со 500 долари отишол во „ветената земја“, спиел по улици и едвај се снаоѓал за храна, сега има богатство

23/07/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Од бездомник до милионер: Со 500 долари отишол во „ветената земја“, спиел по улици и едвај се снаоѓал за храна, сега има богатство

Ник Мокута, пораснал во Романија, а на 21 година решил радикално да го промени својот живот. Со 500 долари се преселил во Лос Анџелес и станал бездомник, меѓутоа, денес – сите му завидуваат.

Првите неколку недели по пристигнувањето во ветената земја ги поминал на улица, спиејќи на клупи во паркот и едвај наоѓал храна.

– Првото такси кога пристигнав ме чинеше околу 100 долари, па ми останаа уште 400 долари на стартот. Тоа беше културен шок и никогаш нема да го заборавам тој почеток. Се најдов во ситуација да бидам бездомник, да спијам на клупи и да јадам најевтина храна. Кога одев во Мекдоналдс да купам плескавица за еден долар, секогаш нагласував „без сирење“, за да не ми наплатат дополнително – се присетува Мокута за „Bored panda“.

Во текот на следните неколку месеци, Ник успеал да најде некои ниско платени работни места и да заштеди доволно пари за да го плати депозитот за станот и да добие лиценца за агент за недвижнини.
Иако околностите во неговиот живот почнале да се развиваат на подобро, во 2013 година се одлучил за ризичен експеримент. Препродажбата на увезени артикли од една од најголемите онлајн страници во светот ја разбудила љубовта кон е-трговијата кај него и тој се збогатил за само неколку месеци деловно работење.

Работата агент за недвижности станала вишок, кога неговиот сајт заработувал од три до четири илјади долари месечно, па решил да ја напушти.

– Пораснав во семејство во кое татко ми беше сметководител, мајка ми учителка, па училиштето ми беше на прво место во текот на растењето. Сепак, по дипломирањето, емигрирав во Америка изгорен од желбата да работам. Секогаш мислев дека иднината е онлајн, и сакав да бидам дел од неа – изјави Мокута.

Девет години подоцна, Ник поседува неколку онлајн продавници, вклучувајќи ги и оние на платформите Амазон и Волмарт. Досега има заработено 40 милиони долари и оствари стотина партнерства со клиенти. Своите тешко заработени пари ги вложил во 100 станови низ САД и Романија и четири луксузни автомобили.

Вели дека вечно ќе и биде благодарен на својата покојна баба која му ги подарила 500-те долари со кои првпат дошол во Америка. Сега се грижи за останатите членови на семејството, ѝ им купил станови на родителите и на братот.

– Мислам дека сум успешен затоа што никогаш не се плашев да загубам. Јас сум многу упорен и никогаш не се откажувам. Ако седум обиди не успеат, осмиот успева сигурно. Ми се допаѓа што можам да работам од дома, ми треба само лаптоп и интернет и еве ме на работа – заклучил милионерот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати
Вести

Судир на два хеликоптери над Рио: Најмалку шест загинати

15/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,05 отсто, најтргувани акциите на Македонијатурист

13/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
Студентите од приватните факултети бараат бесплатен градски превоз во Скопје
Вести

Напад врз контролор на ЈСП поради неплатен билет

11/06/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

Сообраќаен инцидент прераснал во обид за убиство, истрага против двајца браќа

08/06/2026
Нема активни пожари во Македонија
Вести

Инцидент во Скопје: Изгоре паркиран автомобил, истражуваат причините

06/06/2026
Следна вест
„Дејли мејл“: Спречен атентат врз Зеленски од елитна група чеченски борци

Зеленски: На пат сме кон победа; Кремљ даде до знаење кога ќе заврши конфликтот

Најнови вести

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
На Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Најавени мерки за побрз проток на границите и помалку чекање

16/06/2026
Отстранет кабаст отпад од училишниот двор во Скопје

Отстранет кабаст отпад од училишниот двор во Скопје

16/06/2026
Се реконструира улица во Кисела Вода со средства од унгарскиот кредит

Се реконструира улица во Кисела Вода со средства од унгарскиот кредит

16/06/2026
Карпош поставува нови чешмички за пиење вода на повеќе локации

Карпош поставува нови чешмички за пиење вода на повеќе локации

16/06/2026
Русите во септември избираат нов состав на парламентот

Русите во септември избираат нов состав на парламентот

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.