• Импресум
Sunday, July 5, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Мартин Скорсезе ги терал глумците на долги проби пред снимање

18/11/2022
Време за читање: 1 минути
A A
Мартин Скорсезе ги терал глумците на долги проби пред снимање

Режисер Мартин Скорсезе во четвртокот (17 ноември) го прослави својот 80. роденден, а во оваа прилика повеќе медиуми се навратија на некои од неговите најинтересни режисерски техники.

Имено, Скорсезе има специфични правила за актерите со кои работи, а за некои од овие правила и самиот Леонардо ди Каприо призна дека се практично нечуени во филмската индустрија.

Едно од првите правила на Скорсезе е дека заплетот е спореден во однос на неговиот однос со актерите во филмовите.

– Секогаш е фокусиран на она што актерот го дава и таа динамика еден на еден. Заплетот е спореден за него. Неговиот фокус е да ја пронајде суштината на приказната преку актерите со кои работи, изјави Ди Каприо за „Њујорк тајмс“ во 2020 година.

Претходно, во друго интервју за „Холивуд репортер“, Ди Каприо нагласи колку Скорсезе ја усовршува врската меѓу актерот и режисерот.

– Тој го почитува процесот на актерот. Тоа го гледате на филмовите што ги прави, и навистина нема подобар. За него вашата изведба е најважна работа, а филмот на крајот е структуриран околу она што вие правите како актер и она што тој го дава… тоа е процес што треба да се негува и тоа е нешто што е талент само по себе затоа што е тешко да не натерате како актери да се чувствуваме удобно на снимањето и да бидеме најдобри, рече Ди Каприо.

Актерите кои работат под режисерската палка на Скорсезе треба да очекуваат да бидат заглавени на многу долги проби пред да почне снимањето.

Снимателот Мајкл Ни зборува за Story First за неговото време со Скорсезе на филмот Shutter Island од 2010 година.

– Тој поминува доста време со актерите на многу долги, приватни проби. Кога ќе започнат пробите пред камера, актерите се исклучително подготвени, вели снимателот.

Во едно неодамнешно интервју, сценаристот Теренс Винтер потврди колку Скорсезе е посветен на својот занает, откривајќи дека режисерот се мачел да внесе една од најпознатите сцени на „Волкот од Волстрит“ во филмот. Винтер откри дека сцената со јахтата што тоне за малку немало да влезе во финалната верзија бидејќи била прескапа.

– Бидејќи сценариото беше предолго, се плашевме дека ќе има работи што ќе треба да ги исечеме – како што е секвенцата кога бродот тоне и тие се спасени на море. Беше толку диво и толку скапо. Марти продолжи да се бори и рече:

-Мораме да го имаме овој кадар. Морам да го имам“, изјави сценаристот во интервју за „Холивуд репортер“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози
Вести

Што да јадете за здраво срце – препораки од кардиолози

16/06/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум
Вести

„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

04/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми
Вести

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Зошто е важно да имате мал ритуал по завршувањето на работата?

30/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Следна вест
Нова цена на бензинот

Нова цена на бензинот

Најнови вести

Мицкоски: Имало периоди кога пациентите не ја добивале терапијата, а одговорните лица не испратиле допис до добавувачите

Мицкоски: Подготвени сме да прифатиме една изборна единица

05/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

Позитивна оценка од ЕК за реформскиот напредок на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

05/07/2026
СДСМ избира нов лидер на партијата

СДСМ обвинува за политички проект насочен против нив

05/07/2026
„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

„Фламинго револуција“ не запира: Демонстрантите бараат оставка од Рама

05/07/2026
Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

Голманот на Зеленортски Острови е најубавата приказна на Мундијалот

05/07/2026
Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

Ново рангирање на пасошите: Европа доминира, САД паднаа

05/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.