• Импресум
Wednesday, July 1, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Алијансата за Албанците денеска ќе формира преговарачки тим за влез во Владата

27/01/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Алијансата за Албанците денеска ќе формира преговарачки тим за влез во Владата

Претседателството на Алијанса за Албанците денеска ќе одржи седница во Тетово посветена на политичките случувања во земјава, на чиј дневен ред ќе биде и одлуката на Централното собрание за формирање на тим што ќе ги води преговорите за влез во Владата.

Денешната седница доаѓа по заседанието на Централното собрание на Алијанса за Албанците (АА) одржано во саботата во Куманово, на кое беше донесена одлука Претседателството да формира тим кој ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата.

– Централното собрание го овласти централното раководство на Алијанса за Албанците евентуално да одлучи понатаму да има официјална екипа којашто ќе разговара следните шест-седум дена до максимум две недели, за евентуално вклучување на Алијанса за Албанците во Владата или ако тоа продолжи повеќе, евентуално да прекине и да донесе конечна одлука, изјави партискиот лидер Арбен Таравари по саботната седница на Собранието.

Партијата Алтернатива, која е една од членките на владината коалиција, во понеделникот изрази резерви кон вклучувањето на АА во Владата, оценувајќи дека нејзината улога би била „да го амортизира расколот во ДУИ”.

– На Алијанса не и требаат функции за гласање на уставните измени, доколку се искрени во нивната посветеност за ЕУ, посочија од Алтернатива, со оценка дека „тој што е во неволја” треба да биде подготвен да ослободи дел од ресурсите што моментално ги води.

Извори од партијата за МИА потврдија дека по ваквиот партиски став, во средата во Владата се одржала средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски и лидерите на ДУИ и на Алтернатива, Али Ахмети и Африм Гаши.

Според истите извори, Ковачевски и Ахмети му образложиле на Гаши дека потребата за влез на Алијанса за Албанците во Владата е за пофункционално Собрание, односно мнозинството да не „кубури за кворум” и што во таа насока можат да направат трите владини партнери. На средбата не било побарано Алтернатива да отстапи конкретно Министерство, но со формулацијата „што може да направиме за влез на Алијанса во Владата”, според партиските извори, јасно е дека „трите партии треба да отстапат по еден ресор”.

– Гаши на средбата ја повторил позицијата дека Алтернатива веќе има договор со СДСМ за Влада и дека очекува тој договор да се исполни. Дека и по една година од договорот се уште не се реализирани ниту сите програмски, ни кадровски решенија кои биле договорени, односно дека 15 кадровски позиции не се исполнети. Гаши прашал зошто сега да склучат нов договор за влез на Алијанса во Владата и кои се гаранциите дека тој ќе се реализира, кога не е исполнет договорот меѓу Гаши и експремиерот Зоран Заев, велат од Алтернатива.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

САД предупредуваат на хаос ако Иран воведе наплата во Ормуската Теснина

25/06/2026
Следна вест
Кората од банана ќе реши голем проблем за 15 минути, но прво ставете ја во фрижидер

Кората од банана ќе реши голем проблем за 15 минути, но прво ставете ја во фрижидер

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.