• Импресум
Wednesday, July 22, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Николоски: Бараме веднаш да се стави на пленарна седница предлогот за уставни измени– ја почитуваме волјата на народот

25/07/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Николоски: Бараме веднаш да се стави на пленарна седница предлогот за уставни измени– ја почитуваме волјата на народот

-Денес работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и денес сите лаги се распрснаа како меур од сапуница, вели Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на ТВ Алфа.
Николоски истакна дека во собраниската Комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против предлогот за уставни измени.

-Денес заврши пропагандата и денес се виде кои се јасните ставови на сите политички партии. Во Комисија за уставни прашања има 17 члена, од кои што 7 се на ВМРО-ДПМНЕ и сите 7 гласавме против, јас сум еден од тие 7 кој што гласаше против. Така што јасна е волјата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Ние бараме да не се чека до 18 август, туку ако може утре, задутре да се стави на гласање на пленарна седница со цел да пропадне оваа фарса која што ја прави власта и да се види дека власта нема 2/3 мнозинство и дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата не е спремен да подржи уставни измени под бугарски диктат, посочи тој.

Николоски побара веднаш да се стави на пленарна седница предлогот за уставни измени се со цел да се види дека власта нема 2/3 мнозинство, како и дека денеска уште еден пратеник од владејачкото мнозинство јасно кажал дека нема да поддржи уставни измени.

-Затоа барам од владејачкото мнозинство ако можат уште утре или задутре да ја свикаат пленарната седница, да не чекаат до 18 август за да видат сите кои се позициите на сите политички партии. И јасно е дека власта нема мнозинство. Денеска и уште еден пратеник од власта кажа дека нема да гласа за уставните измени и тој е 3 пратеник од власта кој што кажа дека нема да гласа за уставните измени. Така што јасна е ситуацијата, а јасна е и народната волја која што ВМРО-ДПМНЕ ја испочитува, нагласи Николоски.

Тој изјави дека оваа генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ покажале дека стојат на ставот и дека кога ќе кажат НЕ, тоа НЕ останува НЕ.

-Ова генерација на ВМРО-ДПМНЕ покажа дека држи до ставовите и дека кога ќе каже НЕ, тоа НЕ останува НЕ, дециден е Николоски.

На прашањето, што доколку власта развлекува и си игра со датумите за закажување на седница, Николоски додаде:

-Тоа ќе го покажува само очајот кој што се наоѓа оваа владејачка структура на СДСМ и ДУИ. Но, ќе и потрошат време на Македонија. Ние предлагаме веднаш да се стави на гласање за да се види дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да го поддржи овој предлог за уставни измени. Тие уставни измени ќе пропаднат и веднаш после тоа да се распуши собранието и да одиме на брз предвремени избори на кои што граѓаните ќе можат да го кажат своето мислење, рече Николоски и порача дека октомври месец е идеален за одржување на избори и дека се откажуваат од техничка влада.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици
Вести

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов
Вести

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи
Вести

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје
Вести

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја
Вести

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“
Вести

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
Следна вест
200 најопасни криминалци од Велика Британија ќе бидат депортирани во Албанија

200 најопасни криминалци од Велика Британија ќе бидат депортирани во Албанија

Најнови вести

Силно невреме го погоди Скопје, паднати дрвја и блокирани улици

МВР со биланс по невремето: 117 оштетени возила, 189 паднати дрвја и 10 повредени

22/07/2026
Расте бројот на загинати во ракетниот напад на воената база во близина на Лавов

Украина повторно нападна логистички центри на најголемата руска онлајн-компанија, има повредени

22/07/2026
Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

Променливо време низ земјата: Локално пороен дожд, ветер и можен град

22/07/2026
Осум лица завршија во болница по силното невреме во Скопје

Скопје по бурата: Повредени граѓани, оштетени објекти и илјадници пријави

21/07/2026
Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, продолжува расчистувањето на паднатите дрвја

21/07/2026
Протест на вработените во ГОБ „8-ми Септември“

Невремето го оштети и објектот на ГОБ „8 Септември“, најмногу штета на кровната конструкција

21/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.