• Импресум
Monday, June 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Агелер: Не постои само една, туку повеќе црни листи на САД

26/01/2023
A A
Агелер: Не постои само една, туку повеќе црни листи на САД

Во наредните месеци и години САД ќе ги објавуваат имиња кои ќе произлезат од истрагите на американските функционери поврзани со корупција во земјава. Амбасадорката на САД, Ангела Агелер, вели дека нема рок, но се надева оти овој процес ќе биде континуиран. Лицата од списоците ќе бидат санкционирани на неколку начини во зависност од постапките.

„Во тек е дијалог меѓу американската амбасада, мојот тим овде со мене и официјалните лица во Вашингтон, без разлика дали тоа е Министерството за финансии, дали тоа е Стејт департментот, дали тоа е Канцеларијата на Советот за визни санкции, економски санкции, дали е Националниот совет за безбедносни прашања. Ова е тековен процес кој ги разгледува соодветните санкции за одредени поединци во зависност од законите и прописите што тие ги прекршиле што би ги натерало САД повеќе да не сакаат тие да влезат во САД или пак, за нив да има финансиски санкции“, рече амбасадорката Агелер.

Американските санкции се сериозни и можат да имаат долгорочни последици, дадоа резултати и во други земји, вели Агелер. Инаку, корупцијата, вели таа, не е поврзана само со избраните политичари. Истрагата се фокусира и на други два сектори.

„Мислам дека на сите ни е јасно дека има прашања во правосудниот систем. Нашата листа на санкции не е ограничена само на еден сектор. Исто така, има санкции за деловни луѓе за кои е утврдено дека редовно биле вклучени во коруптивни активности во нивните компании и бизниси. Значи, тоа не е ограничено само на избраните функционери, туку и во судството, во секторот за владеење на правото и бизнисот“, додава Агелер.

Агелер го критикуваше нивото на корупција во земјава од почетокот на нејзиниот мандат во Скопје, на крајот на минатата година, што предизвика бран реакции од политичарите, обвинителите и судиите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Контроверзниот Илон Маск се плаши само од компаниите во Кина: Таму работат најнапорно и најпаметно

Контроверзниот Илон Маск се плаши само од компаниите во Кина: Таму работат најнапорно и најпаметно

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.