• Импресум
Thursday, June 4, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
A A
Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија

Фудбалскиот клуб Шкендија излезе со реакција по одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) за едногодишна суспензија во Купот на Македонија и изречена вкупна парична казна од 105.000 евра, поради немилите настани во финалето против Силекс.

Во соопштението од клубот се наведува дека спонзорот на Шкендија бара итно преиспитување и корекција на, како што ја оценуваат, скандалозната одлука на ФФМ.

„Шкендија е еден од ретките клубови што функционира со сериозност, коректност и целосна усогласеност со спортските и финансиските обврски. Нашиот придонес низ годините бараше големи вложувања, труд и жртви. Дополнително, Шкендија е клубот кој со своите достоинствени настапи на европската сцена го зголеми коефициентот на македонскиот фудбал, од што корист имаат сите домашни клубови. Благодарение на тоа, од следната сезона македонскиот фудбал ќе добие дополнително место во европските купови“, се вели во реакцијата.

Од клубот потенцираат дека не прифаќаат одлуки донесени зад затворени врати, со кои, како што наведуваат, се нанесува штета на нивниот проект и придонесот што го даваат за македонскиот фудбал.

„Ваквиот пристап нè принудува да ја разгледаме и можноста за повлекување од клубот, па дури и од фудбалот во Македонија. Доколку ФФМ не ја повлече одлуката, сериозно ќе го преиспитаме нашето понатамошно присуство, бидејќи таа ги нарушува правата и политиките на клубот“, стои во соопштението.

Шкендија додава дека очекува ФФМ да покаже одговорност и да реагира во интерес на спортската правда, клубот и иднината на македонскиот фудбал.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера
Вести

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер
Вести

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче
Вести

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос
Вести

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН
Вести

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Божиновска: Македонија мора да инвестира во нови технологии и паметни мрежи

04/06/2026

Најнови вести

Шкендија во последниот напад прими гол и мора да се задоволи само со бод против Јагелонија

Ако ФФМ не ја промени одлуката, ќе го напуштиме фудбалот во Македонија, се заканија од Шкендија

04/06/2026
Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

Самит ЕУ – Западен Балкан: Мицкоски присуствуваше на свечена вечера

04/06/2026
Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

Ливерпул го назначи Андони Ираола за нов менаџер

04/06/2026
Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

Суд во Истанбул го осуди првиот човек на Фенербахче

04/06/2026
Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

Полската Пепелашка испиша историја на Ролан Гарос

04/06/2026
Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

Македонија со историски успех: Избрана во Економскиот и социјален совет на ОН

04/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.