Црковниот одбор во храмот „Свети Атанасиј“ во тетовската полиција пријавил сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија.
Настанот бил пријавен попладнево околу 17.40 часот во СВР Тетово.
– Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата Свети Атанасиј на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од полицијата истакнуваат и дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.