Државната комисија за спречување на корупцијата не утврди судир на интереси кај директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, во врска со компанијата Сити аутсорсинг.
Одлуката доаѓа по постапка што Комисијата ја водеше по обвинувањата дека фирмата има поврзаност со Томовски. Антикорупциската комисија, врз основа на прибраната документација, не утврдила постоење судир на интереси во конкретниот случај.
Сепак, од Комисијата посочуваат дека постојат одредени околности што укажуваат на релации меѓу директорот и актуелниот управител на компанијата, па затоа ќе се испитува дали има евентуални финансиски трансакции меѓу фирмата и службеното лице.
Случајот беше актуелен во јавноста откако опозицијата изнесе обвинувања дека компанијата добила значителен број јавни набавки и дека постои поврзаност со семејството на Томовски. Од друга страна, и Томовски и компанијата ги негираа наводите за каква било деловна поврзаност.
Антикорупциската комисија посочува дека ќе продолжи со проверки за да утврди дали постојат дополнителни елементи што би укажувале на евентуални неправилности.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:











