Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка продолжува со одличните настапи на грен слем турнирот Ролан Гарос, откако денеска обезбеди пласман во четвртфиналето.
Таа во осминафиналето ја совлада јапонската тенисерка Наоми Осака со 2:0 во сетови (7:5, 6:3), по натпревар кој траеше еден час и 29 минути и понуди квалитетен тенис од двете страни.
Сабаленка беше поуспешна во клучните моменти од мечот и успеа да направи четири брејка на сервисот на противничката, додека Осака само еднаш успеа да возврати и да го одземе сервисот на првиот светски рекет.
Со оваа победа, Сабаленка уште еднаш ја потврди својата одлична форма и улогата на една од главните фаворитки за освојување на титулата во Париз.
Во четвртфиналето, таа ќе се соочи со Дијана Шнајдер, која исто така има одличен турнир зад себе.
Во останатите четвртфинални дуели на Ролан Гарос ќе се сретнат Ана Калинскаја и Маја Хвалинска, Елина Свитолина и Марта Костјук, како и Мира Андреева против Сорана Кирстеа.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












