• Импресум
Thursday, July 9, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Банкротот на „Silicon Valley Bank“ се заканува со проблеми за другите американски банки

13/03/2023
Време за читање: 1 минути
A A
Банкротот на „Silicon Valley Bank“ се заканува со проблеми за другите американски банки

Американските банки може да се соочат со сериозни проблеми по прогласениот банкрот на „Silicon Valley Bank“ (SVB), пишува The New York Times.

Федералната корпорација за осигуривање на депозитите ја преземала контролата на средствата на банката SVB во петокот, се наведува во текстот. Колапсот на оваа банка ги зголемува стравувањата дека и другите американски банки би можеле да се соочат со слични проблеми, пишува NYT.

Натаму се појаснува дека банкротот на „Silicon Valley Bank“ се случил два дена откако банката преземала итни мерки за обработка на барањата за повлекување. Истовремено, остриот пад на вредноста на нејзините инвестициски активи „го потресе Волстрит и вложувачите, предизвикувајќи остар пад на акциите“.

Проблемите со коишто се соочува „Silicon Valley Bank“ може да се прошират на некои делови од банкарскиот и финансискиот сектор, па поради тоа американската министерка за финансии Џенет Јелен јавно ги уверуваше инвеститорите за стабилноста на американскиот банкарски систем, пишува NYT.

Притоа штедачите ги „дампираа“ акциите на банките со слични активности и портфељи, како „First Republic“, „Signature Bank“ и „Western Alliance“.Многу од овие финансиски и кредитни институции опслужуваат клиенти почетници и имаат инвестициски портфељи слични на „Silicon Valley Bank“, се истакнува во написот.

Истовремено, се наведува во продолжение, во текот на петокот тргувањето со акциите на најмалку пет банки било суспендирано повеќепати, бидејќи нивниот остар пад „довело до ограничување на волатилноста на берзите“.

Од друга страна, пак, некои од најголемите американски банки како „JPMorgan“, „Wells Fargo“ и „Citigroup“, покажале отпорност. Показателите од Волстрит укажуваат дека нивните акции биле „главно непроменети во петокот“.

Во саботата попладнето по локално време Федералната корпорација за осигурување на депозитите (FDIC) објави дека регулаторите во сојузната држава Калифорнија ја затвориле банката „Silicon Valley Bank“, најголемата банка која пропадна во СД по последната финансиска криза во 2008 година. FDIC ги префрлил сите осигурени депозити од банката на посебен правен ентитет „Deposit Insurance National Bank of Santa Clara“.

Банката „Silicon Valley Bank“ беше специјализирана за операции со стартапи во ткн Силиконска (Силициумска) долина. На 8-ми март банката објави продажба на практично сите свои хартии од вредност и претрпе загуба и по плаќањето на даноците од 1,8 милијарди долари.

Обидите за привлекување капитал од две милијарди долари, следниот ден заврши неуспешно. Акциите на „Silicon Valley Bank“ потонаа за повеќе од 60 отсто, а на 10-ти март тргувањето беше целосно запрено. Како резултат на тоа, американскиот банкарски сектор потона за 6,5 отсто на 9-ти март и за уште 3,5 отсто следниот трговски ден. Потоа „Silicon Valley Bank“ ангажираше финансиски консултанти да ја истражат можноста за продажба на банката.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување
Живот

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

09/07/2026
Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет
Вести

Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

09/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко
Вести

СВР Охрид истражува случај со починат маж по полициска интервенција

09/07/2026
СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата
Вести

СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

09/07/2026
Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно
Вести

Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

09/07/2026
Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“
Вести

Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“

09/07/2026
Следна вест
Мишел Јео – прва актерка од Азија која доби Оскар

Мишел Јео – прва актерка од Азија која доби Оскар

Најнови вести

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

ДЗР откри сериозни пропусти во Агенцијата за вработување

09/07/2026
Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

Обвинет за четири убиства и два обиди за убиство не одговори ниту на прашањето за својот идентитет

09/07/2026
Пронајдени 5.880 парчиња пиротехника во струмичко

СВР Охрид истражува случај со починат маж по полициска интервенција

09/07/2026
СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

СДСМ ги повика критичарите на внатрепартиска дебата за иднината на партијата

09/07/2026
Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

Манасиевски: Ќе прифатиме договор, но дијаспората мора да гласа полесно

09/07/2026
Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“

Со седум филмски вечери на македонската филмска уметност стартува „Кинотека на скопско лето“

09/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.