• Импресум
Sunday, May 17, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Бизнисмени тврдат дека му дале 350 илјади евра кеш на Бојан Јовановски

15/04/2021
A A
Бизнисмени тврдат дека му дале 350 илјади евра кеш на Бојан Јовановски

Сведокот Ресул Лога, кој бил менаџер на поранешната компанија „Дрим билдинг”, рече дека соработката со „Меѓународен сојуз” била преку неговиот партнер Адријан Амзовски.

– Проектот беше за меѓународни домови за стари лица. Од разговорите ни беше кажано дека треба ние да платиме за да го добиеме тој проект. Требаше 350 илјади евра во кеш и 16 милиони и 100 илјади денари на фактура на проект по авторски права на Јасна Мандиќ, рече сведокот Лога.

Прашан дали ги дале парите во готово, сведокот рече да.

– Парите во готово ги дадовме на господинот Бојан, во присуство на мојот партнер Адријан Амзовски и уште еден, мислам Александар се викаше, рече Лога.

Во проектот, сведокот рече дека се приклучил затоа што го разгледал и му изгледал како профитабилен.

– Откако одлучив да се приклучам на проектот присуствував на сите состаноци. На сите беше Бојан, а на некои беа и Јасна, Ременски и други од „Меѓународен сојуз“, рече сведокот Лога.

Домовите, посочи сведокот, беа предвидени да се градат на државно земјиште и тоа имаше обврска да го обезбеди „Меѓународен сојуз“.

– Имавме потполна доверба дека тој проект ќе се реализира и дека во градот ќе има еден европски комплекс за стари лица, рече сведокот Лога, појаснувајќи дека тоа се должело на разговорите и проектот, како и луѓето од влада Фросина Ременски и Александар Кирацовски, кои ги гледале.

Сведокот посочи дека по потпишувањето на договорот исплатиле 15 милиони денари и останеле уште милион и нешто, но по истекот на рокот од 180 дена од договорот тие побарале да им ги вратат средствата.

– Во тој рок требаше да ја обезбедат локацијата и дозволата за градба. Тоа не се испочитува од „Меѓународен сојуз“. Господин Бојан врати 155 илајди евра, рече Лога.

На прашање од одбраната, дали во договорот имало ставка дека за неисполнување на договорот од која било од страните требало да се исплатат пенали од 350 илјади евра, сведокот рече, да, како што стоело во договорот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кире Лазаров ја заврши кариерата
Вести

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг
Вести

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29
Вести

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026
Вести

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф
Вести

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат
Вести

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
Следна вест
Првоодделенците ќе може да се запишуваат електронски

Првоодделенците ќе може да се запишуваат електронски

Најнови вести

Кире Лазаров ја заврши кариерата

Лазаров: Не е важно кој е најдобар, важно е Македонија да победува

17/05/2026
Тетовец обвинет за узурпација: Заградил државна парцела и ја користел како паркинг

Инцидент во Битола: Возач удрил жена, па физички ја нападнал

17/05/2026
Возбудлив финиш во Винтертур: Македонија и Швајцарија одиграа 29:29

Фуриозна Македонија пред полни трибини ја растури Словачка

17/05/2026

17/05/2026
Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

Бруно Фернандеш испиша историја, Манчестер Јунајтед до нов триумф

17/05/2026
БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

БЈБ и семејствата на загинатите припадници со заедничка порака: Хероите не се забораваат

17/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.