Шест лица се лишени од слобода поради семејно насилство во изминатото деноноќие, додека вкупно биле регистрирани седум пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Еден од случаите бил регистриран во Куманово, каде 44-годишен маж бил приведен откако физички ја нападнал својата сопруга. Сличен инцидент е пријавен и во валандовско село, каде 29-годишник бил уапсен поради напад врз 26-годишната сопруга во семејниот дом.
Во Струмица, 52-годишен маж исто така бил лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, а во Скопје, 33-годишник бил приведен откако, според пријавата, извршил насилство врз сопругата и нивното малолетно дете.
Полицијата постапувала и по случај во скопско, каде 27-годишен маж бил приведен поради агресивно однесување кон својот татко, при што оштетил возило со тврд предмет. Дополнително, 61-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од својот 26-годишен син.
Во Виница, пак, 35-годишен маж бил лишен од слобода поради напад врз сопругата, при што било утврдено дека бил под дејство на алкохол со 2,02 промили во крвта.
Од МВР посочуваат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни пријави.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












