Нејмар нема да настапи на подготвителните пријателски натпревари на репрезентацијата на Бразил, а постои можност да го пропушти и првиот натпревар на Мундијалот.
Докторот на бразилската репрезентација, Родриго Ласмар, соопшти дека Нејмар има повреда на листот на ногата и дека му е потребна пауза од две до три недели. Дијагнозата се разликува од онаа што ја доставил неговиот клуб Сантос до Фудбалската федерација на Бразил.
Со ваквиот период на рехабилитација, се очекува Нејмар да биде подготвен за настап меѓу 11 и 18 јуни. Тој сигурно ќе ги пропушти двата пријателски натпревари на Бразил пред Светското првенство – против Панама на 31 мај на „Маракана“ и против Египет на 6 јуни во Кливленд.
Доколку закрепнувањето оди според оптимистичките прогнози, Нејмар би можел да биде подготвен само два дена пред првиот натпревар на Бразил на Мундијалот против Мароко на 13 јуни. Пореално, негово враќање се очекува во второто коло против Хаити на 19 јуни.
Правилата на ФИФА за Светското првенство 2026 предвидуваат конечните состави да бидат доставени до 1 јуни, со можност за измени само во случај на повреда или сериозна болест, со одобрение од ФИФА најдоцна 24 часа пред почетокот на турнирот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












