Monday, February 26, 2024

Бугарското МНР нема информации дека убиецот на Вања е избеган во Бугарија

Бугарското Министерство за внатрешни работи денеска објави дека „до моментот нема информации дека на бугарска територија“ е човек кој е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје

„Немаме податоци дека за него има меѓународна потерница“, соопшти МВР на Бугарија, јави БТА.

БТА потсетува дека доцна синоќа три лица се приведени во  Македонија за убиство на 14-годишно девојче од Скопје и 74-годишен велешанец.

Информацијата дека осомничениот за убиството Љупчо Палевски е во Бугарија, ја соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес конференцијата заедно со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Следна вест