Барселона доживеа една од најслабите свои европски вечери во поновата историја, откако беше убедливо поразена со 3:0 од Челзи на „Стемфорд Бриџ“. Каталонците изгледаа беспомошно, а англискиот тим доминираше во секој дел од теренот.
Челзи до предност стигна по автогол на Кунде, кој под притисок ја смести топката во сопствената мрежа. Катастрофата за Барселона стана уште поголема пред крајот на првото полувреме, кога Роналд Араухо доби втор жолт картон и го остави својот тим со играч помалку.
Во продолжението, Челзи ја искористи бројчаната предност и преку Естевaо и Делап ги постави конечните 3:0, резултат кој реално ја отслика разликата во играта вечерта.
Барселона речиси и да не упати сериозен удар кон голот, без креација, без интензитет и без каква било реакција на притисокот на домаќините.
Ова е уште една потврда за црната традиција на Барселона во Лондон – тимот сè уште нема успеано да сочува „чиста мрежа“ на „Стемфорд Бриџ“. Понижувањето со 3:0 ќе остане запаметено како еден од најлошите европски настапи на клубот последниве години.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:













