Во вечерните часови на 3 јануари во скопското село Волково се случи тешка сообраќајна несреќа со фатален исход, во која животот го загуби 60-годишен пешак.
Несреќата се случила околу 20:55 часот на улицата „100“, кога 40-годишната М.С. од Скопје, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички, удрила во пешакот Г.И. (60) од Волково. Поради тешките повреди, пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По пријавата, на местото на настанот извршила увид увидна екипа од СВР Скопје. Жената била лишена од слобода во 00:45 часот на 4 јануари 2026 година.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик, за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












