Во рамки на 27. коло од Премиер лига, Манчестер Јунајтед славеше минимална победа од 1:0 на гостувањето кај Евертон во Ливерпул.
Стрелец на единствениот погодок беше словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко, кој во 71. минута реализираше по брза контра-акција и асистенција од Камерунецот Брајан Мбемо.
Шешко продолжува со одличната форма во 2026 година и веќе има шест голови од почетокот на календарската година, додека вкупниот биланс сезонава му е уште поимпресивен во дресот на „црвените ѓаволи“.
По ремито во претходното коло, избраниците на Мајкл Карик се вратија на победничките патеки и моментно се наоѓаат на четвртото место на табелата со 48 бодови.
Евертон го запиша својот 10-ти пораз сезонава и останува на деветтата позиција со 37 бодови. Во следното коло, Манчестер Јунајтед на 1 март ќе го пречека Кристал Палас, додека Евертон ден претходно ќе гостува кај Њукасл Јунајтед.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












