• Импресум
Monday, June 29, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Д-р Јовановска: Раката на бебето е имобилизирана, нема да има трајна последица, извлекувањето било тешко поради положбата

02/01/2024
A A
Д-р Јовановска: Раката на бебето е имобилизирана, нема да има трајна последица, извлекувањето било тешко поради положбата

Бебето кое во текот на породувањето со царски рез на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доби скршеница на раката нема да има траен инвалидитет, ниту пак долгорочни последици, изјави за „Слободен печат“ директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, доктор Викторија Јовановска.

Мајката била породена во саботата, околу 18 часот попладнето, со царски рез, кој го извела доктор Маја Котева Мираковска. Директорката, доктор Јовановска вели дека ваква компликација при породувањето, иако е поретка, сепак се случува, а Клиниката не ѝ кажала на мајката дека нејзиното бебе има скршеница на раката затоа што биле во фаза кога проверувале дали отокот што го забележал педијатарот е предизвикан од скршеница. Додека траело снимањето на раката и опсервацијата, докторите не сакале да ја вознемируваат мајката додека не проверат до крај за што се работи. Мајката и бебето ќе бидат пуштени дома утре.

Според Јовановска, снимањето на рачето на бебето се случило вчера, додека во посета на болницата бил министерот за здравство доктор Фатмир Меџити да го види првороденото бебе од 2024 година. Тогаш педијатар ја известил директорката дека бебе има пареза на раката, по што веднаш била нарачана снимка и детски хирург ја имобилизирал раката на бебето во гипс и сега тоа е под опсервација. Извлекувањето на бебето од стомакот било потешко поради положбата трансверзус.

– Бебето нема да има никаква последица. Вчера му е поставена имобилизација (гипс н.з) и нема да има никаква последица. Ова се случува како компликација при попречна презентација на плодот. Формиравме комисија за да се испитаат сите околности. На почетокот по пораѓањето, отокот не бил видлив. Но вчера изутрина кога забележале дека на раката има оток, направија рентген снимка и видоа дека има фрактура. Тоа не е честа компликација, но сепак е компликација која може да настане кога плодот има попречна презентација. На почетокот детето имало пареза на раката. Постојат парези кои во првите 24 часа спонтано поминуваат и чекавме да видиме дали е тоа. Но бебето е сега имобилизирано и мајката го гледа. Може да ја испишеме од болницата утре заедно со бебето, изјави за „Слободен печат“ доктор Јовановска.

Родилката Анета Дамјановска и нејзиниот сопруг Благојче Дамјановски, за медиумите тврдат дека не им било дозволувано на ГАК да си го видат бебето и дека им криеле дека бебето имало скршена рака. Таткото истакна дека го избркале од ходникот на болницата. Директорката Јовановска вели дека бил агресивен и морало да се интервенира во интерес на другите пациенти и редот и мирот во болницата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електричните автомобили со најголем раст во Европа
Живот

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија
Вести

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија
Вести

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“
Вести

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година
Вести

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени
Вести

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
Следна вест
Дрин Ахмети се огласи: Можам да го кажам само ова!

Дрин Ахмети се огласи: Можам да го кажам само ова!

Најнови вести

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

Електричните автомобили со најголем раст во Европа

25/06/2026
ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

ФИФА праќа сигнал за потенцијална реинтеграција на Русија

25/06/2026
Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

Ѓорческа по историскиот успех: Горда сум што доаѓам од Македонија

25/06/2026
За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

За една недела во Прилеп никна еколошко острово пред зграда на „Васко Карангелески“

25/06/2026
Владата го усвои Планот за праведна транзиција за 2026 година

Скопје повторно се позиционира како регионален центар за енергетски дијалог и зелена транзиција, кажа Божиновска

25/06/2026
Алкалоид Скопје (ALK), НЛБ Банка АД Скопје (TNB) и Македонски Телеком Скопје (TEL) со најголем промет, МБИ10 се намали за 0,19% на 9.959,02 поени

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,36 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

25/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.