• Импресум
Monday, July 27, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи, порача Сиљановска-Давкова

23/10/2025
Време за читање: 1 минути
A A
Да го продолжиме револуционерен пат со ум, знаење и реформи, порача Сиљановска-Давкова

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до граѓаните со порака да го продолжиме револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи.

-Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кога гордо се потсетуваме на грандиозната историска улога на македонската револуционерна организација, врз чиј дух и дело почива македонската државност. Многупати сум потсетила дека животот во слобода, мир и демократија во своја национална држава не ни е подарен, туку е извојуван и изборен од нашите предци, македонските револуционери. Не случајно Републиката, во Член 36 на Уставот им гарантира посебни права на оние кои се бореле за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност во национално-ослободителните војни за Македонија, истакнува претседателката Сиљановска-Давкова.

Затоа, како што посочува таа, денешниот голем празник е можност да се потсетиме на хероите кои ги дадоа своите животи за слободна, независна, но и за социјална, солидарна и демократска македонска држава. – Нивните идеали беа сржта на најнапредните идеи од крајот на 19. век, од нив извираат и врз нив се темелат европските вредности, вградени во конститутивните документи на ЕУ, на коишто постојано повикувам, вели Сиљановска-Давкова.

Чествувањето на 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, како што нагласува претседателката, е потсетување на нашата обврска да го негуваме и продолжиме светото револуционерно дело преку грижата и заштитата на вечните хумани принципи.

-Кон нив, но и кон нашите наследници имаме обврска чесно, одговорно и посветено, да го продолжиме нивниот револуционерен пат, не со оружје, туку со револуционерен ум, револуционерно знаење и со револуционерни реформи. Ние немаме друга татковина, освен нивната, онаа на македонските револуционери. Должни сме да ја сочуваме и политички да ја вградиме таму каде што географски, историски и културно отсекогаш припаѓа – во Европа. Да продолжиме да си ја сакаме, развиваме и чуваме, но и да си ги почитуваме и негуваме темелите врз кои е изградена – правото, правдата, етиката, солидарноста и рамноправноста. Нека ни е вековит празникот, истакнува претседателката Сиљановска-Давкова.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда
Вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје
Вести

Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

26/07/2026
Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус
Вести

Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

26/07/2026
Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година
Вести

Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

26/07/2026
Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата
Вести

Еди Рама им одговори на демонстрантите: Нема повлекување од функцијата

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија
Вести

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
Следна вест
(Видео) Нека е вечен Денот на македонската револуционерна борба

(Видео) Нека е вечен Денот на македонската револуционерна борба

Најнови вести

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

Погачар повторно е крал на Франција, петта титула за велосипедската ѕвезда

26/07/2026
Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

Кокаин криеле под бебешко кадифено мече, МВР со успешна акција во Скопје

26/07/2026
Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

Лошото време ја отежнува евакуацијата на жртвите од Елбрус

26/07/2026
Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

Ова се десетте најбогати земји во светот во 2025 година

26/07/2026
Мицкоски не е задоволен од реториката на Рамадани, најави негово разрешување од функцијата

Еди Рама им одговори на демонстрантите: Нема повлекување од функцијата

26/07/2026
Самсунспор ја потврди фаворитската улога и ја елиминира Шкендија

Вицешампионот сигурен на стартот, Шкендија славеше со 3:0

26/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.