Во Македонија има се помалку бебиња. Демографската слика е многу лоша, особено што, од друга страна, има се повеќе иселување од земјата. Бројот на населението рапидно опаѓа.
Во 1950 година во нашата земја имало над 50.000 новороденчиња, а лани беа само околу 16.000. Ако продолжи ваквиот тренд можно е за две – три децении Македонија да има под еден милион жители.
Ова е алармантен податок. Но дали Македонија го слуша алармот и дали потоа реагира соодветно на тоа?
Без деца и младина нема добра иднина. Економијата ќе стагнира, пензискиот систем ќе колабира. Да не зборуваме за радоста и задоволството што го носат децата кои воедно и ни го сочувуваат коренот.
Сегашната власт прави некои обиди да се ублажи демографсккиот пад, но дали е доволно?
И всушност, разбира ли Македонија и преостанатото население во неа колку е загрижувачка состојбата со демографијата?
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:










