Целосно демолирана и опожарена е канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“ во скопската општина Кисела Вода. Настанот се случил утрото денеска, додека сторителот, според сознанијата, бил поранешен вработен во оваа институција.
Моментно, во просториите на домот се полициски екипи коишто вршат увид и по што ќе следи информација за јавноста.
Според неофицијалните информации, едно лице револтирано откако не му бил продолжен договорот, околу 10:30 часот влегол во канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“, прво ја демолирал со секира, а потоа ја запалил.