Српскиот кошаркар Никола Јокиќ со 32 поени, девет скокови и седум асистенции за три четвртини го предводеше Денвер до убедлива победа од 157-103 на гостувањето кај Портланд во НБА лигата.
Постигнатите 157 поени се најмногу од страна на НБА тим оваа сезона и шести најголем број поени во еден натпревар во историјата на франшизата од Денвер. Воедно, Нагетс поставија рекорд во регуларната сезона со триумф од 54 поени разлика, како и втор најголем број поени во едно полувреме (82) во историјата на клубот.
Во редовите на Портланд, Џру Холидеј постигна 19 поени, во натпревар што ќе остане запаметен како еден од најтешките порази во историјата на франшизата.
Во друг натпревар, Лука Дончиќ со 31 поен и 11 асистенции го предводеше Лос Анџелес Лејкерс до победа од 125-122 во градското дерби против Лос Анџелес Клиперс.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












