• Импресум
Friday, February 13, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Дваесет и пет наши државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50 лица

16/08/2021
A A
Дваесет и пет наши државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50 лица

Од аеродромот во Кабул 25 наши државјани треба да заминат со американски воен авион, а се очекува евакуација на уште 50 наши граѓани од Авганистан каде што во изминативе 72 часа безбедносната состојба нагло се влоши, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродрмот во Кабул, половина или 25 се наоѓаат веќе на воениот терминал и се регистрирани за следниот лет со воен авион на американската армија и ќе бидат упатени за Доха, Катар, од каде нивниот пат за враќање дома е неспорен. Останатите околу 25 наши граѓани се упатени на следниот лет и во моментов работиме за нивна регистрација и потоа евакуација директно од аеродромот во Кабул. Располагаме со информација за уште 25 граѓани кои се наоѓаат во американската база во Кабул, која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот. Тие се безбедни и во моментов се на листа на чекање за да бидат трансферирани кон аеродромот и потоа евакуирани. Во моментов не располагаме со информација за други наши граѓани во Авганистан и досега немаме ниту еден пријавен државјанин кој се наоѓа во загрозена состојба. Секако продолжуваме и натаму внимателно да ја следиме состојбата во Авганистан, рече Османи.

Република Северна Македонија уште во јули месец го попвлече сиот воен, дипломатски и цивилен персонал и во моментов нема свои претствници во Авганистан.

Уште во саботата во МНР е формирана работна група која работи на евакуација на наши државјани кои се работно ангажирани во Авганистан, и се користат повеќе опции за за асистенција на нашите граѓани затекнати во земјата. Воспоставен е контакт со комопаниите од кои се работно ангажирани, испратени се формални барања до сите земји кои имаат присуство во Авганистан за нивна асистенција при евентуални летови за евакуација, за што од голем број земји е потврдно одговорено дека ќе будат земени предвид нашите барања. Османи рече дека воспоставил директни контакти со колегите од Турција, Катар, како и со САД.

Изминативе 72 часа безбедносната состојба во Авганистан нагло се влоши, и освен воените бази под контрола на САД и НАТО сојузниците меѓу кои и аеродромот во Кабул.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот ден во Минхен: Договори за инвестиции и трговија
Вести

Првиот ден во Минхен: Договори за инвестиции и трговија

13/02/2026
МВР најави сообраќајни ограничувања за Задушница
Вести

МВР најави сообраќајни ограничувања за Задушница

13/02/2026
Во Скопје казнет 151 возач
Вести

СВР Тетово со кривична против 35-годишник

13/02/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција
Вести

Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција

13/02/2026
Атлетико доминираше, Барселона без одговор во полуфиналето
Вести

Атлетико доминираше, Барселона без одговор во полуфиналето

13/02/2026
По шест дена: Домаќинот на врвот на табелата
Вести

По шест дена: Домаќинот на врвот на табелата

13/02/2026
Следна вест
Досега 106 шумски пожари досега, изгореле десетина објекти

Досега 106 шумски пожари досега, изгореле десетина објекти

Најнови вести

Првиот ден во Минхен: Договори за инвестиции и трговија

Првиот ден во Минхен: Договори за инвестиции и трговија

13/02/2026
МВР најави сообраќајни ограничувања за Задушница

МВР најави сообраќајни ограничувања за Задушница

13/02/2026
Во Скопје казнет 151 возач

СВР Тетово со кривична против 35-годишник

13/02/2026
Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција

Државниот секретар на САД ја нагласи улогата на Европа на Минхенската конференција

13/02/2026
Атлетико доминираше, Барселона без одговор во полуфиналето

Атлетико доминираше, Барселона без одговор во полуфиналето

13/02/2026
По шест дена: Домаќинот на врвот на табелата

По шест дена: Домаќинот на врвот на табелата

13/02/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.