Полицијата поднесе кривична пријава против две лица од Прилеп поради сомнение за кражба на огревни дрва, информира Министерство за внатрешни работи.
Станува збор за 45-годишник и 37-годишник, кои биле затекнати од полициски службеници на 15 јануари 2026 година при бесправна сеча на дрва.
По целосно документирање на случајот, против нив е поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












