По наредба на Основното јавно обвинителство Струга, истражните органи презеле дејствија за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, при што биле затекнати работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во непосредна близина на изворите.
Според соопштението, поради сомненија за сторени кривични дела – незаконита експлоатација на минерални суровини и загадување на вода за пиење, надлежниот јавен обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерки на претпазливост.
Предложено е на правните лица да им се забрани пристап до парцелите каде што вршеле ископ, како и да им се забрани преземање какви било работни активности на тоа подрачје.
Обвинителството продолжува со обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во врска со енормното загадување на изворите во Шум, од кои градот Струга се снабдува со вода за пиење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












