• Импресум
Saturday, July 18, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Еј, дури и лук и кромид се увезува во Македонија

27/09/2022
A A
Еј, дури и лук и кромид се увезува во Македонија

Кога ќе стегне сериозна економска криза се знае што е најважно – храна да се има и огрев за зима! Е го има ли тоа Македонија? Европските влади уште од март планираа и се подготвуваа како да ја пресретнат ситуацијата, да ја ублажат кризата, да ја пребродат… Договараа, складираа, штедеа… И соседите ја ублажуваат кризата. Што правеше нашата Влада за тоа време? Им удоволуваше на Бугарите, се задоволуваше со ветувања и тапкање по рамо од Брисел, ги продаваше националните интереси, се задолжуваше за непродуктивни расходи и си свиркаше. Е, баш како приказната за штурците во лето.

А есента само што почна, зимата „утре ќе дојде“, а нашите штурци се уште не сфаќаат дека сме во криза. Не треба човек да е економски експерт и да ги анализира податоците од Заводот за статистика, за да увиди дека веќе државата е во голем проблем. Доволно е со торбичката да се отиде во кој било маркет или на пазар за да се види дека цените на храната ненормално и секојдневно растат.

Власта не смирува и си свирка како штурецот. Од каде им е оптимизмот? Дали премиерот го донесе од Њујорк, дали третокласните дипломати со кои го губеше времето му ветиле нешто или пак од најавите на ресорните министри дека еве само што не сме договориле увоз на струја и гас? Или се надеваат дека овој народ се уште има сила да трпи и да преживува во сиромаштија и студени домови.

А што треба да направи власта? Односно, попрецизното прашање е што досега властите требаше да направат?

Се сеќааваат повозрасните колку бевме горди што Македонија ја хранеше речиси цела Југославија. Каде сме денес? Од производители станавме увозници на храна. На пазар, во неделата прашувам за леќата дали е наша. Продавачката со кисела насмевка ми одговори со прашање: „Зарем некој сади леќа кај нас, па не е исплатливо, се е увозно“. Ја прашав и за гравчето дали е тетовско, ама уште една кисела насмевка ми беше доволен одговор.

Што се случува со Овче Поле, дали треба да му се промени името, оти таму веќе нема овци. Се поретки се стадата и на Шара. Во Гевгелиско, наместо овоштарки никнуваат градежни објекти, А Пелагонија одамна не е голема житница. Срце ми се кине кога ќе отидам во мојата Тиквешија и ќе слушнам како секој втор планира да го уништи лозјето. Нема есап, велат, нема реален откуп.

Ова се е последица на погрешниот систем на субвенции во земјоделството. Помошта што државата ја дава не нуди развој – туку само фалби пред камери на министрите – манекени и богатење на одредена категорија луѓе кои се блиски до власта, кои не се земјоделци. Џабе фрлени пари!

Субвенции се дефинитивно потребни, но со план и стратегија. Зошто во изминативе две децении се потрошија толку многу пари без контрола, ако денес Македонија е зависна од увоз на храна. Да молиме кај соседите за жито. Еј, дури и лук и кромид се увезува.

Можноста една држава да го прехрани своето население е најголемата независност што може да се има. Еве пример со Русија. И покрај сите санкции од голем дел од светот, општеството не е во сериозна криза за важните работи за населението. Затоа што имаат храна и имаат енергенси. Работеле кога требало да се работи. Работат и во Холандија, Полска, Словенија…

Можат ли нашите штурци да работат?

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство
Вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау
Вести

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни
Вести

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ
Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас
Вести

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“
Вести

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
Следна вест
ЈСП „Скопје“ бесплатно ќе вози за „Бела ноќ“

ЈСП „Скопје“ бесплатно ќе вози за „Бела ноќ“

Најнови вести

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

Од бебе во рацете на Меси до ривал во финале на Светско првенство

18/07/2026
Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау

18/07/2026
СДСМ ќе бира претседател на 30 јуни

СДСМ: Извештајот на ЕК покажува сериозни проблеми со владеењето на правото

18/07/2026
ВМРО-ДПМНЕ: Народот денес е побогат од времето на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Образованието повторно е државен приоритет

18/07/2026
Директорот на ФЗО Клековски: Секој кој мисли дека е оштетен при кардиолошки операции да пријави кај нас

Над илјада граѓани побарале лекарска помош, Клековски оди во Гостивар

18/07/2026
Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

Целосна реконструкција на спортската сала во ООУ „Панајот Гиновски“

18/07/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.