Како да се подзаборави темата со опасните свлечиштата на Водно. Пред неколку дена институциите беа растрчани да бараат спас од Водно кое почна да се лизга и да поткопува објекти. Сега или тивко работат или тераат по старата навика – секое чудо за три дена.
За да не биде ова второто Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера упати предупредување дека на падините на Водно постојат објекти, што се директно загрозени од свлечишта и нестабилно земјиште. Тој бара сериозност и навремена реакција.
Да, сериозноста на општинските и градските институции е потребна оти земјиштето продолжува да се лизга и неколку потпорни ѕидови се урнати.
Но, мора да се каже дека фалеше сериозност во минатите деценија – две кога се дозволуваше по Водно да се сечат дрвјата, а да се садат големи згради. Без таа констатација и без преземање на мерки околу тоа, џабе се сега правењата на некакви си акциски планови или некакви потпорни ѕидови кои Водно за миг може да ги смете, ако градежниците и општинската администрација продолжат да го малтретираат.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:












