• Импресум
Sunday, May 24, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

Филип Темелковски: Никој од актуелните функционери на СДСМ не смее да биде дел од идното раководство

28/05/2024
Време за читање: 1 минути
A A
Филип Темелковски: Никој од актуелните функционери на СДСМ не смее да биде дел од идното раководство

Екс-градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски со обраќање кон своите сопартијци.

Поминаа уште едни избори, претрпевме уште еден голем пораз.

Изгубивме уште една битка, битка по која што социјалдемократското членство и симпатизери, водено од сегашните лидери и политики се преполови и паднаа на рекордно ниска бројка од 150.000 гласови.

Битка во која не само што е поразена социјалдемократијата, туку е скршен и целиот морал и вредности за кој се залагаше нашиот врв.

Ја изгубивме битката на сите фронтови и полиња. Но тоа и не е толку трагично, колку што е трагичен фактот, што уште не освестени од поразот на битката, дел од генералите и лидерите на таа битка, објавија желби за превласт и преземање на партијата, која што тие и досега ја командуваа, без да извлечат никаква поука од поразот, која што беше јавно пратена од народот. А таа е – Ниту еден активен функционер од сегашново раководство неможе да биде дел од идното лидерство на СДСМ, не затоа што јас или некој друг така мисли, туку зошто народот го кажа своето.

ДОСТА Е.

Мора да престане битката за партијата, а да се потрудиме да ја вратиме борбата за Социјалдемократијата.

Со едно се сложувам со последната колумна на Стефан Богоев, а тоа е дека прво треба да се проверат нашите редови и членство и тоа не само оние кој имаат сега книшки, туку и оние кои имале, а се откажале од нив, а делат социјалдемократски вредности и ставови.

Второ треба да се слушне отчетот на сегашниот председател и раководство, каде и што погрешивме (Иако сметам дека сите знаевме и сите грешевме и оние што имаа можност за одлуки и оние кои замижувавме пред грешките), а главната грешка секако е во фактот што првично се преценивме себеси и нашиот лидерски тим, а второ не работевме доволно на промена на системот кој требаше да испорача правда и правичност за сите, а со тоа и еднаквa можност за успех за сите граѓани на Македонија.

Метлата што Драган Спасовски Дац ја подаде на Претседателот Заев, не заигра и собира прашина на Бихачка, а моќта на некои партиски лепачи на плакати на раководните функции, беше преголема и неоправдана и
поголемиот дел од нив заборавија дека се во служба на народот, а не вослужба на нивните семејства.

Кон светиот грал наречен ЕУ, се чекореше без стратегија, визија изацртани цели, притоа откажувајки се од принципите, моралите и идеалите, за кои што никој немаше право да тргува.

Граѓаните и гласачите беа само за едно нешто согласни во врска со владата на СДСМ, а тоа е дека треба што побргу и што поскоро да замине во заборав и никогаш да не се повтори, а разочараноста беше подеднаква и кај младите и кај пензионерите и кај националистите и кај оние за Европска Македонија, но најмногу кај оние на кој ветивме правда.

Затоа на СДСМ му е потребен лидер кој го нема багажот на претходните два изборни порази, лидер кој е од редовите на СДСМ, но не бил функционер или член на извршен орган од 2020 па наваму.

Лидер кој ќе предложи програма, визија и цел, но и финансиски и акционен план како понатаму.

Лидер кој ќе ги врати правите Социјалдемократски вредности како еднаквост пред законот, просперитет и обединување на нацијата и националните вредности на кој е оваа земја изградена.

Лидер со харизма, но и со тим подготвен за работа, да го слуша гласот на народот и да работи на неговата иднина.

Лидер кој ќе биде отчетен и кој ќе ги остави независни телата на партијата, за да му служат како коректор кога тој греши, пред да дојде корекцијата од народот.

Лидер кој ќе ги врати младите, но и ќе ги обедини искусните и заслужните членови, кој ќе помогнат со нивните искуства креирајки ја правилната стратегија за развој на партијата и креирајки ја новата визија и план за Европска Македонија.

Екипата на новото раководство на СДСМ мора да направи реална програма и цели, како ќе се задржат младите со анализа на образованието и нови работни места и трендови, но мора да најде можност и за мирни пензионерски денови на постарите кои го хранеа пензискиот фонд и системот изминативе 30 години со нивната мака труд и пот.

Сметам дека не смее да се избрза со изборот на нов лидер и мојот предлог е обединето раководство до наредните локални избори, кој сплотено ќе работат на новата Социјалдемократска програма и визија како и чистење на дел од членството кое е неактивно или контролирано од некој претходни лидери.

Затоа пред да се тепате кој ќе седне на фотељата на Бихачка, дајте да анализираме, како и каде погрешивме и да се потрудиме никој следен да не ја запоседне партијата и да ја менаџира како негов личен имот, туку да чувствува обврска кон целото членство и партија и да работи за доброто на сите нас.

Дајте да ги тргнеме суетите на страна и да помогнеме на враќањето на социјалдемократијата на правиот пат, зошто за едно сум сигурен дека сите ќе се сложиме, а тоа е дека враќањето нема да биде ниту лесно ниту брзо, а заедно можеме многу пократко и посигурно да ги вратиме изгубените социјалдемократски вредности.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите
Вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија
Вести

Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

23/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници
Вести

СДСМ прифаќа покана, но со услов: Дебата со медиуми и камери

23/05/2026
Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони
Вести

Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга
Вести

Шампионски финиш: Вардар сигурен против Шкендија во последното коло

23/05/2026
Димитриеска-Кочоска: Дополнетиот буџет гарантира стабилни финансии и повисок економски раст во 2026
Вести

Димитриеска-Кочоска ја повика опозицијата на средба: Економијата се води со бројки, не со паника

23/05/2026
Следна вест
Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав: Четири точки на дневен ред

Во тек е конститутивната седница на новиот собраниски состав: Четири точки на дневен ред

Најнови вести

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

„Каталонките“ ја освоија Лигата на шампионите

23/05/2026
Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

Хари Кејн херој во финале: Баерн го освои Купот на Германија

23/05/2026
Парадокси: Филипче со рејтинг 3,7% ќе носи Уставни измени, но не кажа како тоа ќе го стори со минорни 17 пратеници

СДСМ прифаќа покана, но со услов: Дебата со медиуми и камери

23/05/2026
Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

Хаос во центарот на Белград: Фрлање предмети, детонации и полициски кордони

23/05/2026
Лидерот сигурен: Вардар со нова победа, пресврт на Силекс во Струга

Шампионски финиш: Вардар сигурен против Шкендија во последното коло

23/05/2026
Дневен хороскоп за среда, 26-ти јуни 2024-та

Без влакна на јазикот: Хороскопски знаци познати по бруталната искреност

23/05/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.