• Импресум
Tuesday, June 16, 2026
METRO.mk
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп
Нема резултати
Погледни ги сите
METRO.mk
Нема резултати
Погледни ги сите

ФОТО| „Каменот на судбината“ пристигна во Лондон за крунисувањето на Чарлс

02/05/2023
Време за читање: 1 минути
A A
ФОТО| „Каменот на судбината“ пристигна во Лондон за крунисувањето на Чарлс

Таканаречениот „Камен на судбината“, познат и како Скунскиот камен (Каменот од Скун), кој ќе биде користен во текот на церемонијата на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети на 6-ти мај, стаса во саботата од Шкотска во Вестминстерската опатија во Лондон.

Каменот од песочник, симбол на шкотската монархија, англискиот крал Едвард Први го однел во Лондон како воен плен во 1296 година и го вградил во својот престол од дабовина. На него повеќе од 700 годни се крунисуваат кралевите и кралиците.

Каменот тежок 152 килограми дури во 1996 година беше вратен назад во Шкотска, но со обврска и натаму да биде користен за идните крунисувања.

Во четвртокот вечерта бил испратен од дворецот во Единбург на пат за Лондон.

По свеченото испраќање на каменот шкотскиот премиер Хамза Јусаф, кој инаку планира да ја поведе Шкотска кон независност од британската монархија и Обединетото Кралство, изјави дека станува збор за „историски момент“ и дека е „среќен“ што учествува во него.

Според легендата, каменот во Шкотска стасал од Светата земја преку Египет, Сицилија, Шпанија и Ирска, а потоа во IX век е донесен во манастирот Скон во Шкотска и бил користен за крунисувањето на шкотските кралеви.

Меѓутоа, Дејвид Бриз, професор по историја и археологија на Единбуршкиот универзитет, смета дека каменот всушност потекнува од времето на Пиктите, племе коешто првични ја населувало Шкотска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што се случува со Фејсбук?
Вести

Пад на Фејсбук и Месенџер, се чека официјално објаснување

12/06/2026
„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум
Вести

„Драма квин“ нов сингл на Тамара Тодевска – прв од визуелен албум

04/06/2026
Дурмиши: Ненадејното зголемување на минималната плата може да ги погоди малите фирми
Вести

Цените се стабилни, порастот кај основните производи е само 0,43%, кажа министерот Дурмиши

02/06/2026
Од 20 до 60 години – колку стомачни се нормални?
Вести

Зошто е важно да имате мал ритуал по завршувањето на работата?

30/05/2026
Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите
Вести

Заборавете на хемикалии: Овој домашен трик ги одбива мувите

28/05/2026
Што се случува со Фејсбук?
Вести

„Паднаа“ Фејсбук, Инстаграм и други големи телекомуникациски оператори, корисниците пријавуваат проблеми

28/05/2026
Следна вест
Шведската министерка Росвал пристигна во Скопје, ќе оствари средба со повеќе функционери

Шведската министерка Росвал пристигна во Скопје, ќе оствари средба со повеќе функционери

Најнови вести

Ердоган тврди дека води на предизборните анкети

Ердоган го поздрави договорот САД – Иран: Чекор кон мир и стабилност

16/06/2026
Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

Хамас со поддршка за договорот САД – Иран и повик за крај на конфликтот во Газа

16/06/2026
Ланд ровер“ удри пешак во Гевгелија

Жителите на „29 Ноември“ во Центар без вода до завршување на интервенцијата

16/06/2026
Половина Скопје утре без струја

ЕВН најави прекини: Делови од Кисела Вода, Илинден и Центар без електрична енергија

16/06/2026
Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа

По договорот со Иран, Трамп се насочува кон мир во Украина и Либан

16/06/2026
Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

Голманот што ја запре Шпанија стана светска сензација преку ноќ

16/06/2026
  • Импресум
Информации: +00 389 123 456 789

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.

Нема резултати
Погледни ги сите
  • Почетна
  • Вести
  • Живот
  • Забава
  • Љубов
  • Спорт
  • Хороскоп

Developed by Konzoto. Hosted by Konzoto.